Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун
МАКЕДОНИЈА

Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун

Објавено November 24, 2025 19:32
Сподели
Сподели

Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорот на Сити колеџот во Солун Јанис Верверидис, денес на 20 македонски граѓани им ги доделија стипендиите „Борис Трајковски“ за двегодишни студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Европски кампус на Универзитетот Јорк – Сити колеџ во Солун.

На свеченоста организирана по овој повод, министерката Јаневска потсети дека традицијата на доделувањето на стипендиите во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски трае веќе 22 години и дека и овој пат очекува да се создаде нова генерација постдипломци на реномирана високообразовна установа, кои ќе го зајакнат кадровскиот потенцијал на државата и ќе придонесат кон нејзиниот развој.

-Веруваме во ваш успех, бидејќи сите вие дотука не сте стигнати без доволно ентузијазам и труд. Па така, оваа стипендија доаѓа како признание на вашата упорност, талентот и потенцијалот што го носите во себе. Таа е поттик да продолжите да чекорите храбро напред, да истражувате, создавате, учите и да ги поминувате границите на можностите, рече Јаневска.

Министерката ги советуваше стипендистите да не забораваат од каде потекнуваат и кој ги поддржал за да ја остварат целта и да стекнат двојна диплома со потпис на Универзитетот Јорк и на Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур.

-Сетете се дека ве поддржа вашата земја Македонија и возвратете и’ вложувајќи го знаењето во неа. Затоа што, кога знаењето го вложувате во татковината, не градите само поубава земја, туку градите и поубава иднина за вас, за нас и за сите оние што ќе дојдат по нас, рече Јаневска.

Студиите се реализираат во Солун, Грција, со студиски посети на Универзитетот Јорк во Обединето Кралство и на Универзитетот во Стразбур, Франција. Средствата за уписнина ги обезбедуваат по половина износ Владата на Македонија, преку Министерство за образование и наука и Сити колеџот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германија троши 41% од својот буџет на социјална програма
Следна Статија АЕК го продолжи рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор, сега е 12 јануари идната година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претежно облачно и суво време до вторник, дожд и снег од среда

Променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен, а долж…

November 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова доби куче Караман кое треба да биде признаен за автохтона македонска раса

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид доби подарок куче Караман кое се очекува наскоро да биде признаено за автохтона…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР ги повикува граѓаните кои престојуваат во Иран, да ја напуштат државата

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани…

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?