Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС
БАЛКАН

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Објавено February 21, 2025 14:43
Сподели
Сподели

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит, РС ќе ја забрани работата на државниот суд и обвинителството, како и на државните безбедносни агенции.

Оваа борба не е на Милорад Додик, туку реакција на акцијата што ја презеде политичко Сараево, истакна Додик за ТВ Пинк.

Тој истакна дека ако биде осуден „РС ќе го откаже секое присуство на судот и обвинителството, Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) и други вештачки и вонуставно наметнати тела на ниво на БиХ, ќе биде забранета нивната работа на територијата на РС, ќе биде донесе изборен закон и ќе направам се за да ги вратам 83 надлежности на нивната уставна позиција на БиХ“.

Додик наведе дека судењето е „чист политички прогон“ и оти РС ќе одговори со политички одлуки.

Тој истакна дека дури и Судот да му забрани политичка активност, тој ќе продолжи да се занимава со политика.

Значи нема ништо да се случи, Милорад Додик останува тука, останува претседател на Републиката, дури и ако ми забранат политичка активност, ќе продолжам да се занимавам со политика, истакна Додик.

Претседателот на РС и вршителот на должноста директор на Службен весник на РС, Милош Лукиќ се обвинети за неспроведување на одлуки на високиот претставник, што според Кривичниот законик на БиХ предвидува затворска казна од шест месеци до пет години, како и забрана за вршење јавна функција.

Завршните зборови на обвинителството и одбраната беа на 19 февруари, а судијата има рок од три дена да изрече пресуда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
Следна Статија Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа

Српски „истражувачки филм“, чиј прв дел е емитуван во Белград, посочува бугарски научници и дипломати како дел од моќна шпионска…

August 5, 2025
БАЛКАН

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра

Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании кои учествувале…

February 4, 2026
БАЛКАН

Еди Рама се скарал со новинари и ги избркал од прес конференција

Меѓународната мрежа Безбедни новинари (SafeJournalists), која ги штити правата на новинаритеизрази загриженост за тоа што се случи на прес-конференцијата на…

March 14, 2026
БАЛКАН

Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на актуелната Влада

Со 136 гласа „за“ и 157 „против“ грчкиот Парламент, како и што се очекуваше, доцна синоќа го отфрли предлогот за…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?