Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Додик повеќе не е претседател на Република Српска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Додик повеќе не е претседател на Република Српска
БАЛКАН

Додик повеќе не е претседател на Република Српска

Објавено September 19, 2025 20:18
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Република Српска (РС) од хрватскиот народ, Давор Прањиќ (ХДЗ БиХ), потпиша указ за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за полиција и внатрешни работи, со што официјално јасно се стави до знаење дека Милорад Додик му ги префрлил своите овластувања, јавија регионалните медиуми.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) му го одзеде мандатот на Додик како претседател на РС врз основа на конечна пресуда на Судот на БиХ.

Указот за прогласување на законот со целиот текст на законот е објавен во денешниот Службен весник на РС.

Иако Додик и владејачката коалиција ја отфрлија одлуката на ЦИК да му го одземе претседателскиот мандат и да распише предвремени избори за претседател на РС на 23 ноември, фактот што потпретседателот Прањиќ го потпиша указот за прогласување на законот значи дека Милорад Додик ја признал и одлуката на Судот на БиХ и одлуката на ЦИК дека тој повеќе не е претседател на РС.

Владејачкото мнозинство во Народното собрание на РС донесе заклучоци со кои не ја признава одлуката на Судот на БиХ, кој го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минчев: Државата ќе ја намалува администрацијата за 40 отсто
Следна Статија Мицкоски: Не прифаќаме зголемување на платите на судиите и обвинителите, имаат само 2 отсто доверба!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Таен центар на УДБА во познат словенечки хотел: „Слушнав звуци, рецепционерот ме уверуваше дека нема никој“

Во хотелот „Јама“ во Словенија, при реновирањето на објектот во 2016 година, пронајдени биле тајни соби кои служеле како центар…

January 9, 2025
БАЛКАН

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез

Во 11:00 часот денеска поради протестот на грчките земјоделците ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез…

December 27, 2025
БАЛКАН

Поради лоша организација: 12 грчки плажи останаа без синото знаме

Дванаесет грчки плажи останаа без наградата за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од меѓународната листа за 2025 година, поради…

July 31, 2025
БАЛКАН

Експлозија во воена фабрика во Србија, четири лица повредени

Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак рано утрово дошло до експлозија. Според првите информации од терен, експлозијата се случила во…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?