Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарија и уште неколку земји од ЕУ го блокираа отворањето на Кластерот 3 со Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бугарија и уште неколку земји од ЕУ го блокираа отворањето на Кластерот 3 со Србија
БАЛКАН

Бугарија и уште неколку земји од ЕУ го блокираа отворањето на Кластерот 3 со Србија

Објавено December 5, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека амбасадорите на Шведска, Финска, Холандија, Хрватска и Бугарија гласале против отворањето на кластерот 3 од преговорите на Србија со ЕУ.

Вучиќ за новинарите во Цирих изјавил дека тие земји вчера не се согласиле за отворање на новиот кластер, но има уште седум дена до конечната одлука.

Ќе видиме дали ќе биде, имаме уште седум дена. Следната недела нашите унгарски пријатели повторно ќе го стават на дневен ред. Ако биде- биде, ако не- здравје. Им благодарам, јас знам се, рекол Вучиќ.

РТС, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, претходно објави дека и на третата средба на ниво на амбасадори немало неопходен консензус на оваа тема.

Следната расправа за отворањето на кластерот би можела да се одржи на 11 декември. Меѓувладината конференција на која би се отворил кластерот треба да се одржи во неделата меѓу 16 и 20 декември.

За Србија, на маса е Кластер 3 – „Конкурентност и инклузивен раст“ во кој се групирани осум поглавја, од кои пет се веќе отворени пред да биде воведен концептот кластери со новата методологија.

Вучиќ рече и дека додека е претседател на Србија, што ќе биде уште две години, нема да има признавање на независноста на Косово и Србија ќе биде воено неутрална.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Убава водителка му ја одзема пушката на војник- сцената од Сеул го обиколи светот (ВИДЕО)
Следна Статија Миноски: Пензискиот систем во Македонија – Предизвици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Србија денеска се навршуваат 25 години од петтооктомвриските промени, утрешниот ден ќе биде одбележан со трибина

Денеска во Србија се одбележува 25-годишнината од големите демонстрации во Белград, со кои на 5 октомври 2000 година заврши владеењето…

October 5, 2025
БАЛКАН

Во Тирана по барање на МД „Илинден“ табла на македонски јазик поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител

На почетокот на оваа година прокниживме последователен успех во остварување на легитимните права на македонското национално малцинство во Албанија, овој…

January 8, 2025
БАЛКАН

Аркан 15 дена седел на покрив и јадел конзерви додека не добил дозвола да убива

Божидар Спасиќ кој беше дел од Државната безбедност во поранена Југославија раскажа како Жељко Ражнатовиќ-Аркан бил користен за потребите на…

October 29, 2024
БАЛКАН

Нарачал пиво на хрватска плажа, па се покајал кога стигнала сметката

Секоја година на почетокот на сезоната во познатите летни одморалишта, сме шокирани од сметките од популарните места, а еден човек…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?