Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
ХРОНИКА

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“

Објавено August 22, 2025 10:37
Сподели
Сподели

Дождот што утрово заврна на подрачјето на ловиштето Јасен придонесе за конечно гаснење на големиот шумски пожар кој траеше повеќе од десетина дена.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, врнежите кои траеле повеќе од два часа овозможиле пламените јазици да бидат изгаснати, но на теренот сè уште има жешки точки.

– И покрај поголемата количина на дожд, на одредени делови од пожарната линија може да се забележи чадење. По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз местата кои покажуваат знаци на горење. Теренот дополнително ќе биде пребаран со дронови со термални камери – изјави Ангелов.

Екипите на ЈП „Јасен“ и натаму ќе патролираат, сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.

Во меѓувреме, дожд падна претежно во северните и северозападните делови на државата, додека источните, југоисточните, централните и југозападните делови останаа без врнежи.

Ангелов предупреди дека според прогнозите на УХМР, денеска се очекува силен ветер до 60 километри на час кој значително ќе го зголеми ризикот од нови пожари.

– Апелирам граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар и да пријават секое сомнително однесување. Доколку забележат електрични жици кои се допираат или искрат, веднаш нека пријават во ЕВН или на бројот 112 – порача директорот на ДЗС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителот Цветановски: Поднесов кривични пријави против Љупчо Коцевски и Лиле Стефанова, но одговор нема
Следна Статија Премиерлигашите потрошија рекордна сума пари за засилувања во летниот преоден рок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Адвокатот Ефремов: Кешишев бил во состојба на потчинетот во однос на Палевски

Игор Ефремов, адвокат на обвинетот Влатко Кешишев тврди дека неговиот клиент не учествувал во никакво грабнување а уште помалку во…

April 2, 2025
ХРОНИКА

11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп

11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп. Ученикот со тешки телесни…

January 21, 2025
ХРОНИКА

Избегнат поголем инцидент на протестот во Аеродром: Алкохолизирано лице со електричен тротинет влетало во толпа граѓани

За време на вчерашниот протест во скопската општина Аеродром се случил сериозен инцидент кога лице во алкохолизирана состојба со електричен…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Кривични против две директорки на домови за стари лица: Корисниците трпеле физичко насилство, добивале храна со поминат рок, лекови кои не им биле препишани

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?