Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доколку Албанија продолжи во оваа насока, можно е да стане членка на Европската Унија до 2030 година – вели Кос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Доколку Албанија продолжи во оваа насока, можно е да стане членка на Европската Унија до 2030 година – вели Кос
БАЛКАН

Доколку Албанија продолжи во оваа насока, можно е да стане членка на Европската Унија до 2030 година – вели Кос

Објавено April 25, 2026 15:41
Сподели
Сподели

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, во изјава за телевизијата Клан њуз, ја оцени Албанија како една од водечките земји во процесот на евроинтеграција, нагласувајќи дека во текот на нејзиниот мандат максимално ќе се бори земјите кандидатки да го остварат својот пат кон полноправно членство во Унијата.

Еврокомесарката изрази оптимизам за следните конкретни чекори на Тирана во преговарачкиот процес.

„Се надеваме дека во мај ќе можеме да ги усвоиме сите привремени стандарди за владеење на правото, а потоа да започнеме со затворање на поглавјата. Неверојатно е тоа што го направи Албанија во последните години, со отворањето на сите поглавја“, рече Кос.

Таа потврди дека Албанија се наоѓа на вистинскиот пат кон ЕУ, упатувајќи високи оценки за решителноста на политичкото раководство на земјата и за континуираната висока поддршка од албанските граѓани, а на прашањето дали е реално земјата да стане дел од европското семејство до 2030 година, таа рече дека доколку Албанија продолжи во оваа насока, членството е можно. Таа појасни и дека Европската комисија не е таа што лицитира или одредува фиксни датуми, туку нејзината улога е да ги поддржува реалните визии и реформски напори на земјите кандидатки.

Кос ја потврди својата посветеност кон целиот пакет на проширување, кој го опфаќа поширокиот регион.

„Додека сум комесар за проширување, ќе се борам за оние земји што ги сметам за мои кандидати да станат полноправни членки на ЕУ. Имам десет земји кандидатки како дел од мојот мандат“, заклучи таа.

Извор: 360stepeni.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клиниката за пластична хирургија: Ако сте примиле фалсификуван ботокс и имате симптоми, веднаш на лекар
Следна Статија Николоски уверува дека на патот Кичево-Охрид му се гледа крајот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и…

December 9, 2025
БАЛКАН

Добиле мито од милион евра: Градоначалникот на Тирана и неговата сопруга обвинети за корупција и перење пари

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој од 10 февруари годинава е во притвор и официјално е обвинет за корупција и…

July 24, 2025
БАЛКАН

Mуртезани на средба со познат лик во Македонија

Двајцата официјални претставници разменија мислења за начините за понатамошно подобрување на соработката за ЕУ прашањата, информираа од Министерството за надворешни…

February 7, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Четворица загинати во пожар во фабрика за бисквити во грчкиот град Трикала

Безживотните тела на четири лица биле пронајдени за време на гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?