Со оглед на тоа дека Цоневски се вратил во Македонија бидејќи се осетил загрозен од нападите и заканите по социјалните мрежи во Бугарија, останува да се види како , ако биде осуден, ќе изреагира нашата влада на барање за екстрадиција – ако има и наш и бугарски пасош. Бугарски извори вчера сугерираа дека Цоневски не го направил делото намерно и дека е штета да се му се уништи професионалната кариера. Тоа што ќе одговара за нанесување повреди, а не за убивање на куче веројатно води во тој правец.
-Доктор Ненад Цоневски е првенец на својата генерација, завршил медицински факултет со исклучителен успех и моментално специјализира хирургија. Познат е по својата посветеност, хуманост и скромност“, се вели меѓу другото во писмото испратено од Група за поддршка на Цоневски кој, според нив, е мета на линч од одредена група во Бугарија.
Во писмото уште се вели дека „во најтешките моменти, како што беше трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, тој беше меѓу првите кои понудија помош —од транспортот на повредените на аеродром до давање медицински информации на семејствата, а донираше и крв и финансиски средства за повредените македонски деца низ цела Бугарија. Иако имаше значаен придонес, од своја скромност никогаш не побара јавно признание.
„Затоа апелираме до македонската јавност да се воздржи од осуди и навреди и да се потсетиме дека човечноста се покажува токму во моменти кога некој ненамерно направил грешка.Доктор Ненад Цоневски останува добар, чесен и совесен млад човек кој заслужува поддршка, а не осуда“, стои во реакцијата.
Дел и од бугарските јавни личности даваат поддршка на Цоневски притоа прикажувајќи ја фактичката состојба за случката, според она што сите го видоа на снимката од безбедносните камери:
1. Удирање со многу мала брзина
2. По ударот, тој се симнува, гледа и не тргнува. Збунет е. Ако сакал да тргне, зошто би слегол да погледне?
3. Влегува во колата, го врти воланот и се обидува да го заобиколи кучето, т.е. нема цел да го прегази. Инаку ќе одеше право напред.
4. Докторот се обидува да го заобиколи, но кучето завршува под колата. Но, не под задните гуми, туку меѓу нив – т.е. под задниот мост.Тоа е, имаме многу јасна случајност и искуство на докторот за да ја минимизира штетата. Нема „намера“ и злоба, нема причина да се сатанизира.
„Тука слушам глупости како носење на ветеринар, давање прва помош итн. Ова е апсолутно несоодветно. 99% од луѓето ќе се однесуваат исто како докторот. Никој нема да троши пари на ветеринари, а камоли да го извалка својот автомобил со улично куче,“ се вели во постот на Бугарин.