Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити
СПОРТ

Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити

Објавено September 2, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Џанлуиџи Донарума е последното засилување на Манчестер сити, во летниот преоден рок, потврди англискиот клуб во објава на социјалните мрежи.

Донарума, до неодамна голман на Пари Сен Жермен, пристигна во синиот дел на Манчестер во трансфер вреден околу 35.000.000 евра.

Сити евтино помина бидејќи Донарума влезе во последната година од договорот. Пари Сен Жермен, не сакаше да дозволи по завршувањето на сезоната тој да замине без обесштетување, што им се случи минатото лето со Килијан Мбапе.

Џиџи има само 26 години, а зенитот на неговата кариера допрва треба да дојде. Тој ја освои Лига 1 четири пати, додека еднаш го крена Купот на Франција. Ја освои Европа со „Аѕурите“ во 2021 година, а ја освои и Лигата на шампионите со Парижаните во мај. Потоа беше прогласен за најдобар голман на Стариот континент, сосема заслужено.

Сепак, љубовта пукна и тој не успеа да постигне договор со челниците на клубот од „Паркот на принцовите“ во врска со продолжувањето на соработката.

Потоа Луис Енрике го доведе Лукас Шевалие од Лил како прва опција на голот, а Сити го испрати Едерсон во Фенербахче за да направи место за Донарума.

Италијанецот потпиша петгодишен договор, со плата од 15.000.000 евра во првата сезона, со постепено зголемување во наредните години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анатомија на (уште) една злоупотреба на македонските тајни служби
Следна Статија Петрушевски: Дали Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ-мерките со кои се прислушувани Мицкоски, новинари и бизнисмени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Премиерлигашите потрошија рекордна сума пари за засилувања во летниот преоден рок

Откако Лидс потпишаа договор со играчот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од англиската…

August 22, 2025
СПОРТ

Македонскиот репрезентативец Трајковски има нов клуб

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски од денеска како слободен играч е нов фудбалер на Локомотива Загреб. Ова го објави клубот на…

December 3, 2025
СПОРТ

(Видео) Монструозен трип-дабл на Јанис, Кари ги изрешета Лејкерси

Кошаркарите на Милвоки Бакс ја победија Филаделфија Севентисиксерс со резултат 126:113 на крилата на Јанис Андетокумбо. Филаделфија целосно потфрлија оваа…

April 4, 2025
СПОРТ

Ливерпул и Јунајтед ги поделија бодовите во драмата на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул ремизираа со Манчестер Јунајтед 2-2 во дербито од 20. коло во Премиер лигата одиграно на „Енфилд“. Головите…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?