Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Донесен новиот Закон за тротинети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Донесен новиот Закон за тротинети
ХРОНИКА

Донесен новиот Закон за тротинети

Објавено June 30, 2026 14:25
Сподели
Сподели

Собранието во рамките на 106. седница ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот.

Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ од поимите што се употребуваат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата имајќи ги предвид компаративните искуства на повеќе земји во регионот, како и појавата на нови возила на пазарот, во која категорија спаѓаат и електричните тротинети.

Суштински се интервенира во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20 км на час во согласност со препораките на Европската Унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип возила.

За да се намали бројот на прекршоци сторени со електрични тротинети, се предвидува и заострување на условите под кои тие може да се управуваат – се зголемува старосната граница, односно ќе може да ги управуваат лица со најмалку 18 години возраст. Се заострува и казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото ако се работи за малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување друго лице, возење под дејство на алкохол. Во законот се извршени и соодветни интервенции во прекршочните одредби во согласност со наведените измени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На ова внимавајте ако купувате нов автомобил
Следна Статија Белгија станува нарко држава контролирана од балканскиот картел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетнички возеле нерегистран мопед и направиле сообраќајка

Вчера во 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат од с.Извор кон с.Јасеново, општина Чашка, се…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Изгоре дуќан и оштети стан во зграда во Карпош 4

Страшен пожар ги разбуди ноќеска жителите на Карпош 4. На првиот кат во една од зградите изгоре стан во три…

January 19, 2025
ХРОНИКА

Пожар во куќа во Студеничани – сопственикот бил во странство

Вчера во 03.40 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во с.Студеничани, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Откриен идентитетот на трите лица најдени мртви во возило кај „Блаце”

Откриен е идентитетот на лицата кои беа пронајдени мртви во возило марка Мерцедес на Граничниот премин Блаце. Станува збор за…

July 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?