Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На ова внимавајте ако купувате нов автомобил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > На ова внимавајте ако купувате нов автомобил
ЗАБАВА

На ова внимавајте ако купувате нов автомобил

Објавено June 30, 2026 14:23
Сподели
Сподели

 Како што цените на новите автомобили продолжуваат да растат, сè повеќе возачи избираат да го задржат својот сегашен автомобил што е можно подолго. Меѓутоа, кога ќе се случи скап дефект, многумина се прашуваат дали е поисплатливо да издвојат пари за поправки или да купат друго возило? Стручњаците нагласуваат дека не постои универзален одговор, но советуваат возачите да разгледаат неколку важни фактори пред да донесат одлука, објави „Нова (Nova)“.

Така, првото правило вели дека пред сѐ, треба да размислите за замена на автомобил, ако трошоците за поправки достигнат приближно половина од неговата пазарна вредност.

На пример, ако возилото вреди околу 8.000 евра, а поправката чини 4.000, Иван Друри препорачува замена, т.е. нов автомобил, но предупредува дека не треба да се одлучува само врз основа на овој критериум. Од друга страна, пак, Механичарот Алан Гелфанд смета дека една голема поправка не мора да значи крај на автомобилот. Доколку возилото може да обезбедува сигурна услуга уште неколку години, вели, влогот за поправка може да биде оправдана.

Сепак, не е клучен само износот на сметката за сервисот, туку и дали дефектот е еден или дел од низа проблеми.

Ако, на пр., менувачот или компресорот за климатизација треба да се заменат, сѐ друго е в ред – можеби нема причина за автомобилот да се продаде.

Сепак, ако станува збор за повеќе скапи дефекти и во низа постојано давате пари за поправки, ова може да биде знак дека е време да го смените возилото. Гелфанд, во тој случај, вели дека кога трошоците се натрупуваат и возачот повеќе нема доверба дека ќе стигне до својата дестинација без проблеми, замената станува логична опција.

Друри се согласува.

– Довербата е најважна. Ако веќе не му верувате на Вашиот автомобил, тоа е сериозен сигнал да размислите за негова замена. Но, километражата, сама по себе, не е сигурен индикатор. Некои возачи ја губат довербата во автомобилот по 70.000 километри, додека други возат возила кои поминале повеќе од 350.000 километри без никакви проблеми, објасни тој.

Кога размислувате за купување нов автомобил, следниот чекор е споредување на вкупните трошоци. Финансискиот советник Џеф Џад предупредува дека возачите честопати грешат споредувајќи ги само месечните плаќања за нов автомобил со тековните трошоци. Наместо тоа, се наведува, треба да се пресметаат сите трошоци – за  регистрација, сервисирање, идни поправки, осигурување и секој кредит.

Со автомобил кој веќе е отплатен, пресметката е поедноставна. Се препорачува да се соберат сите трошоци за одржување од претходната година, да се проценат очекуваните трошоци во наредниот период и да се споредат со месечните трошоци за купување второ возило.

– Целосно исплатениот автомобил има само една намена – да го чини сопственикот помалку од неговата замена. Во мигот кога тоа веќе не е случај, време е да се размисли за купување на друг автомобил, истакнува Џад.

Секако, ниедна проценка не може да биде целосно точна, бидејќи никој не може со сигурност да предвиди какви дефекти ќе се појават во иднина. Затоа, стручњаците советуваат да се донесе одлука врз основа на реална проценка на состојбата на возилото, очекуваните трошоци и Вашите сопствени потреби. И – емоциите настрана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стевчо Јакимовски засега избегна затвор, побарал одложување од здравствени причини
Следна Статија Донесен новиот Закон за тротинети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Порно ѕвезда нуди бесплатни услуги за пожарникарите од Лос Анџелес за нивниот труд околу пожарите

Пожарите во Лос Анџелес станаа една од светските трагедии на почетокот на оваа година. Стихијата веќе предизвика смрт на 27…

January 26, 2025
ЗАБАВА

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ БАФТА 2025: „Конклава“ најдобар филм, наградени и Адриан Броди и Зои Салдана

Во Лондон синоќа беа доделени 78. награди БАФТА на најдобрите филмови, актери, режисери и други филмаџии. Наградата за најдобар филм…

February 17, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Елена Ристеска се враќа на сцената со песната „Ме боли за сѐ“

По повеќегодишна пауза, македонската пејачка Елена Ристеска се враќа на сцената со песната „Ме боли за сѐ“, со чие прво…

October 27, 2024
ЗАБАВА

Бил Гејтс откри колку пари ќе наследат неговите три деца

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, повторно го изнесе својот став за наследството. Гостуваше во подкастот на Раџ Шамани. Тој зборуваше…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?