Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стевчо Јакимовски засега избегна затвор, побарал одложување од здравствени причини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Стевчо Јакимовски засега избегна затвор, побарал одложување од здравствени причини
ХРОНИКА

Стевчо Јакимовски засега избегна затвор, побарал одложување од здравствени причини

Објавено June 30, 2026 14:17
Сподели
Сподели

Се одложува издржувањето на казна затвор за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој требаше на 2 јули да влезе во затворот ,,Скопје” во Шуто Оризари, но побарал одложување на издржувањето на затворската казна, поради здравствени причини.

Од Кривичниот суд денеска информираа дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука по ова барање. Судијата за извршување санкции ја бара медицинската документација на Јакимовски, за да може да пресече.

-Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15.06.2026 како и ургенција на 26.06.2026 година, по кои барања се уште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука, велат од Судот.

Неодамна од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда.

Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се засметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Затоа останува во затворот во Шуто Оризари да издржи уште седум месеци од казната.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oчекуван пораз за Ѓорческа во првото коло на Вимблдон
Следна Статија На ова внимавајте ако купувате нов автомобил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж пронајден мртов во шахта

С.Р. од гостиварското село Дебреше вчера попладне пријавил дека во шахта го пронашол починат неговиот вујко. -С.Р. пријавил дека во…

January 31, 2026
ХРОНИКА

Член на Врачарски клан подготвувал ликвидација во Скопје, упасен е во заедничка акција на македонската и српската полиција

Член на организирана криминална група од Србија е уапсен во реонот на Скопје, , откако полицијата спречила планирано убиство, дознава „Press.rs“. Апсењето…

May 12, 2026
ХРОНИКА

Од исчезнатиот стружанец кој заминал да бере печурки нема ниту трага, ниту глас

Засега е неуспешна потрагата по 60-годишниот стружанец, кој во неделата на 20 октомври бил пријавен за исчезнат. Тогаш тој заминал…

October 23, 2024
ХРОНИКА

Тетовец загина на скопската обиколница!

На 31.01.2025 околу 07.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот- обиколница на град Скопје, во близина на…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?