Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница
ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Објавено December 9, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20-тина амандмани од вкупно поднесените околу 200 амандмани.

Предлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот на годината, а со кој се трасира патот на економијата во следната година.

Овој буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за раст, инвестиции и сигурност за граѓаните, компаниите и институциите, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 14 ноември пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Со предложениот буџетот, како што посочи министерката, се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства со цел одржлив економски развој и подобрување на животниот стандард.

Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме паметно, дисциплинирано и визионерски дури и во време на глобални предизвици. Со овој документ, Владата ја зајакнува довербата во институциите, ја поддржува улогата на приватниот сектор како двигател на економскиот раст и создава услови за интензивирање на домашните и странските инвестиции, истакна Димитриеска-Кочоска.

Проекциите во Предлог-буџетот се реален раст на БДП од 3,8 проценти, инфлација од околу 2,5 проценти во услови на стабилни цени на меѓународните пазари, раст на приватната потрошувачка на 2,6 проценти и на јавната потрошувачка од 1,4 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 39,2 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари, а расходите на ниво од 414,2 милијарди денари. Расходите за исплата на плати изнесуваат 52,6 милијарди денари, што е за околу три милијарди денари повеќе од 2025 година, а расходите за стоки и услуги се планирани на 27,9 милијарди денари. За исплата на пензии обезбедени се 116,8 милијарди денари, а 12 милјарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита.

Предлог-буџетот е седма точка на дневен ред на седницата. Во рамки на седницата треба да бидат разгледани и Предлог-законот за извршување на буџетот за 2026 година, Предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за 2026 година, Предлог-одлуката за утврдување на процентот за зафаќање од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на РКЕ, финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување за 2026 година, како и Извештајот на Европската комисија за 2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Збогум, ‘Dead Space’… Повторно (2008-2023)
Следна Статија Контролерот Wavebird повторно лета со отворен адаптер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност

Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа до денешен раст од 3.2%

Денес имаме одговорност да водиме, мораме да ја создадеме таа шанса, држава — отворена, фер, со ред и систем. Еве…

June 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доларот падна на најниско ниво од почетокот на јули

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничка валути падна на најниско ниво од почетокот на јули. Индексот…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?