Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница
ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Објавено December 9, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20-тина амандмани од вкупно поднесените околу 200 амандмани.

Предлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот на годината, а со кој се трасира патот на економијата во следната година.

Овој буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за раст, инвестиции и сигурност за граѓаните, компаниите и институциите, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 14 ноември пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Со предложениот буџетот, како што посочи министерката, се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства со цел одржлив економски развој и подобрување на животниот стандард.

Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме паметно, дисциплинирано и визионерски дури и во време на глобални предизвици. Со овој документ, Владата ја зајакнува довербата во институциите, ја поддржува улогата на приватниот сектор како двигател на економскиот раст и создава услови за интензивирање на домашните и странските инвестиции, истакна Димитриеска-Кочоска.

Проекциите во Предлог-буџетот се реален раст на БДП од 3,8 проценти, инфлација од околу 2,5 проценти во услови на стабилни цени на меѓународните пазари, раст на приватната потрошувачка на 2,6 проценти и на јавната потрошувачка од 1,4 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 39,2 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари, а расходите на ниво од 414,2 милијарди денари. Расходите за исплата на плати изнесуваат 52,6 милијарди денари, што е за околу три милијарди денари повеќе од 2025 година, а расходите за стоки и услуги се планирани на 27,9 милијарди денари. За исплата на пензии обезбедени се 116,8 милијарди денари, а 12 милјарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита.

Предлог-буџетот е седма точка на дневен ред на седницата. Во рамки на седницата треба да бидат разгледани и Предлог-законот за извршување на буџетот за 2026 година, Предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за 2026 година, Предлог-одлуката за утврдување на процентот за зафаќање од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на РКЕ, финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување за 2026 година, како и Извештајот на Европската комисија за 2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Збогум, ‘Dead Space’… Повторно (2008-2023)
Следна Статија Контролерот Wavebird повторно лета со отворен адаптер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималната плата, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,…

February 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прада ја комплетира куповината на долгогодишниот ривал Версаче за 1,4 милијарди долари

Прада и Версаче го најавија овој потег во април.

December 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бил Гејтс испадна од листата на 10 најбогати луѓе во светот

Коосновачот на Мајкрософт и поранешен најбогат Американец, Бил Гејтс, е надвор од листата на 10 најбогати луѓе во Соединетите Американски…

September 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Голем полски трговски ланец потврди дека отвора маркети во Македонија

Полскиот ланец на дисконтни малопродажни продавници „Пепко“ потврди дека влегува на македонскиот пазар во јуни годинава. Првите продавници компанијата ќе…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?