Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
ЕКОНОМИЈА

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите

Објавено February 12, 2026 09:40
Сподели
Сподели

Сојузот на синдикати денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. По блокирањето на влезовите на македонското Собрание во понеделникот, денеска ќе биде блокирана Стопанската комора во центарот на Скопје.

Блокадата на Комората е поради, како што велат од ССМ, тоа што работодавачите не сакаат да ги зголемат платите на работниците кои барајќи подобра егзистенција бегаат надвор од државава.

– Повторно ќе бидеме 21 претставник на Синдикатот, онолку колку што е потребно во согласност со законскиот минимум за да излеземе на улица и да блокираме. Пред Стопанската комора ќе блокираме газди што ги блокираат работниците 36 години. Газди што одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не може да ги задржат. Ќе блокираме газди што се исплашија од нападите на Владата и од политичките партии, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, додавајќи дека секој може да се приклучи на блокадата.

Последна ќе биде блокирана Владата следниот вторник, по што од ССМ најавуваат уште еден протест и организирање на генерален штрајк ако сите овие активности не дадат резултат.

Од ССМ бараат зголемување на платите поради растот на животните трошоци и растот на синдикалната потрошувачка кошничка која во јануари е зголемена за околу 900 денари во однос на декември. Пресметките на ССМ покажуваат дека во јануари вредноста на синдикалната кошничка изнесувала 66.413 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 81.788 денари.

Владата останува на ставот да се договорат синдикатите и работодавачите.

Минималната плата законски треба да се зголеми во март кога се врши усогласување кое според пресметките треба да изнесува од 1.500 до 1.700 денари кои работниците ќе ги земат со априлската плата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Внатрепартиски судир во Републиканската партија: Гласањето за царините продолжува
Следна Статија Fitbit воведува AI здравствен coach за iPhone корисници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ова е уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава

Премиерот на Владата Христијан Мицкоски присуствува на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Ова е стратешки енергетски проект…

July 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок

„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена…

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Кроација ерлајнс“ ги крати летовите кон Скопје

Според специјализираниот портал „Екс ју авијација“, „Кроација ерлајнс“ продолжува со намалување на бројот на летови на маршрутите од Загреб кон…

May 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба

Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?