Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните не ги очекува финансиски шок од новата цена на струјата, тврди Коњановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните не ги очекува финансиски шок од новата цена на струјата, тврди Коњановски
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните не ги очекува финансиски шок од новата цена на струјата, тврди Коњановски

Објавено November 22, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Производната цена на електричната енергија во нашиот најголем капацитет РЕК Битола, во моментов изнесува 136 евра, додека на ниво на ЕСМ таа цена е нешто повеќе од 118 евра, за мегават-час. Сепак, не можеме само така грубо да ги гледаме податоците, туку одиме чекор понатаму и размислуваме, анализираме и се подготвуваме за тоа што следи, а тука мислам на планските активности на компанијата за наредната година – рече Зоран Коњановски, директорот на производство во ЕСМ, во интервјуто за ТВ Магазинот 360 во контекст на претстојното поднесување на понудата до Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за потребите на домаќинствата и загубите на електродистрибуција, која до крајот на месецов ЕСМ треба да ја достави за периодот јануари-јуни 2025 година“.

Еден од приоритетите и поставените предизвици на Управниот одбор за наредниот период е намалување на производната цена на АД ЕСМ. Со стручен и професионален пристап кон обврските и домаќинско работење, наредната година ќе се обидеме да ја намалиме производната цена за 35-40 проценти, а тој тренд на опаѓање, одлучни сме да продолжи и во наредните години.Со оглед дека затекнавме лоша состојба во рудниците во РЕК Битола, ќе ни биде потребно одредено време да ги стабилизираме и во согласност со рударските проекти во наредните две години да обезбедиме откривки на јаглен кои веруваме дека драстично ќе ја намалат или целосно ќе ја анулираат потребата од дополнителна набавка на лигнит, вели Коњановски.

Двата капацитети за производство на примарна енергија – јаглен Суводол и Брод Гнеотино, имаат можност да продуцираат по 5 милиони тони годишно, што е доволно за работа на трите термоблокови во РЕК Битола, но таа количина во овој момент не сме во можност да ја постигнеме. Според нашите проекции, ископот од 5 милиони тони би го реализирале во 2027 година, со што или ќе нема потреба за дополнителен увоз на овој ресурс, или ќе бидат потребни далеку помали количини за да ги оствариме производните планови за електрична енергија – изјави директорот за производство Коњановски.

Тој навести дека во тек е период на финансиска консолидација на АД ЕСМ, кој се очекува да заврши кон крајот на наредната година, по што се очекува Друштвото во целост да излезе од кризата во која беше затекната при смената на раководствата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година
Следна Статија Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората

Од Министерството за транспорт информираат дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -ЖеневаСкопје…

January 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

ФАО: Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималната плата, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,…

February 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?