Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 25 милиони евра за зелена и конкурентна иднина на македонските компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > 25 милиони евра за зелена и конкурентна иднина на македонските компании
ЕКОНОМИЈА

25 милиони евра за зелена и конкурентна иднина на македонските компании

Објавено February 4, 2026 17:04
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски зема учество на настанот „Научно-технолошки развој и претприемништво“. Од таму испрати силна и јасна порака: „Оди напред кон одржлива, модерна и конкурентна економија што расте одговорно, со грижа за животната средина и со јасна европска визија“.

Со финансиска поддршка од Европската Унија и со средства обезбедени од Владата, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво започнува со реализација на значаен проект за поддршка на малите и средни претпријатија во процесот на зелената трансформација. Овој проект не е само финансиска интервенција, туку стратешка инвестиција во иднината на македонската економија. Преку него ќе се поддржат инвестиции што значат помалку отпад и загадување, поголемо користење на обновливи извори на енергија, намалување на јаглеродниот отпечаток и поефикасно користење на природните ресурси, како и воведување на меѓународни еколошки стандарди кои се предуслов за излез на глобалните пазари. Како што често истакнуваме, овие 25 милиони евра не се само бројка во буџетот, тие се директна инвестиција во македонските компании, во нивната конкурентност, во нивната европска иднина и во економијата што ја градиме за генерациите што доаѓаат – вели Мицкоски.

Премиерот посочи дека целта на проектот е да ја поддржи државата во исполнување на целите за климатска неутралност утврдени во зелената агенда за Западен Балкан, преку јакнење на приватниот сектор и поттикнување на одговорни и одржливи деловни практики.

Во наредните четири години ќе бидат поддржани над 300 компании, а преку механизми на кофинансирање ќе се активираат и дополнителни приватни инвестиции. Особено значајно е што околу 200 компании ќе добијат поддршка за подготовка и имплементација на меѓународни стандарди за заштита на животната средина и одржливо работење, што е директна пропусница за учество во европските и глобалните ланци на добавувачи – рече Мицкоски.

Вкупната вредност на проектот изнесува 25 милиони евра, од кои 18 милиони евра се обезбедени од Европската Унија, а 7 милиони евра од државниот Буџет.

Од вкупниот износ, 22 милиони евра се наменети за директна финансиска поддршка на компаниите што всушност е јасен доказ дека оваа Влада инвестира таму каде што економскиот и општествениот ефект е најголем. Зелената трансформација не е трошок, туку инвестиција во посилна економија, поздрава животна средина и повисок квалитет на живот за граѓаните. Владата останува силен партнер на бизнис-заедницата и двигател на европската иднина на Македонија. Заедно градиме одржлива, конкурентна и европска економија. Заедно градиме иднина што останува – порача премиерот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Отворен портал за неитни хируршки интервенции
Следна Статија Државниот архив објави оригинална шифрирана порака на Гоце Делчев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Отворање на понудите за трет мобилен оператор – Граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нафтата со најголем пад во шест години, берзите се вратија во зелено

Глобалните пазари денеска добија силен здив на олеснување, откако цената на нафтата забележа најголем еднодневен пад од 2020 година, а…

April 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе се воведе „one stop shop“ на железничката станица меѓу Македонија и Грција

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави дека ќе се воведе one stop shop на железничката станица меѓу Македонија…

July 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пленковиќ по средбата со Мицкоски во Брисел: Македонија заслужува јасна ЕУ перспектива

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?