Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отворен портал за неитни хируршки интервенции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Отворен портал за неитни хируршки интервенции
ЗДРАВЈЕ

Отворен портал за неитни хируршки интервенции

Објавено February 4, 2026 15:32
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи, со кој на јавен портал е достапна листата на закажани елективни хируршки интервенции.

-  Првпат воспоставуваме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронска евиденција на закажаните интервенции. Целта е секој пациент да ја добие услугата по принцип „прв дојден, прв услужен“. Порталот овозможува пребарување и приказ на податоци преку повеќе комбинирани параметри за да биде корисен и за граѓаните и за креаторите на политики. Корисниците на јавниот портал можат да пребаруваат по: специјалност на лекар, хируршка интервенција, јавна здравствена установа, лекар специјалист, број на пациенти кои чекаат, посочува министерот Алиу.

Тој наведе и дека во моментот евиденцијата за елективни хируршки интервенции се води во системот Мој термин преку издавање упат со тип „болнички упат за операција“, но утврдени се недоследности, меѓу кои дека упатите не се издаваат веднаш при утврдување на потребата за операција, туку пред самата интервенција, дел од установите и лекарите користат друг тип упат (конзервативен третман) за евиденција на пациенти на листата, а лекарите листите ги водат во хартиена форма, додека листите на чекање не се редовно прочистувани и тоа создава неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби.

- До јавните здравствени установи кои вршат хируршки интервенции веќе се испратени поединечни известувања со податоци од спроведената анализа. На установите поединечно им е посочено дали и колку се разликува бројот на извршени интервенции, со бројот на реализирани упати за операција во системот Мој термин. Со оваа новина ја унапредуваме транспарентноста, овозможуваме реално мерење на времето на чекање, а со тоа и подобро планирање и распределба на ресурси, како и примена на европските практики во оваа област, заклучи министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тричасовен протест со блокада на Плетвар
Следна Статија 25 милиони евра за зелена и конкурентна иднина на македонските компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра

Согласно заклучок од седница на Владата, Министерството за здравство ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена…

April 25, 2026
ЗДРАВЈЕ

Д-р Вилијам Фоеџ, лидер во искоренувањето на сипаниците, почина

Висок 2 метри, Фоеџ буквално се издвојуваше во областа на јавното здравство

January 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени…

January 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

160 пациенти чекаат за трансплантација на бубрег

Треба да се зголеми јавната свест за органодарителството особено за трансплантацијата од починато лице. Направени се измени на Законот за…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?