Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Досега издадени околу 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Досега издадени околу 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
МАКЕДОНИЈА

Досега издадени околу 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември

Објавено December 1, 2025 17:06
Сподели
Сподели

Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а повеќе од половина од нив, 21.000, се веќе искористени. Рокот за аплицирање е до 20 декември, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

На новинарско прашање Андоновски оцени дека проектот со ваучерите е успешен и оти за тоа сведочи метежот и побарувачката во продавниците. Очекува до крајот на јавниот повик, 20 декември, најголемиот дел од студентите да ги земат ваучерите, а до крајот на рокот за проектот, 1 јануари, да набават уреди.

– Во последните пет шест дена веќе имаме намалување на бројот на издадени ваучери што покажува дека најголемиот дел од заинтересираните студенти на кои им беше приоритет да извадат ваучер веќе го имаат направено тоа. Остануваат уште 15.000 нераспределени и очекувам до крајот на јавниот повик најголемиот дел од студентите да го извадат ваучерот. Она што ме радува е што 21.000 студенти веќе си подигнале електронски уреди со тие ваучери, што значи дека нешто повеќе од половина се искористени. Очекувам до 1 јануари сите кои биле заинтерсирани и подигнале ваучер да го реализираат. Има метеж во продавниците, има голема побарувачка, тоа беше и целта на проектот и мислам дека е сосема успешен – изјави Андоновски, по промоцијата на ви фи зона со бесплатен интернет на Филозофскиот факултет – Скопје.

На новинарско прашање, Андоновски најави дека доградбата на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) кои со години се во фаза на карабина, ќе почне во 2026 или 2027 година.

– Министерството за образование и наука работи на ревизија на проектот. По завршување на ревизијата бидејќи треба да се ревидира целиот објект којшто е напуштен за жал поради негрижа на претходната власт веќе 10 години, се надевам дека ќе почне процес на реновирање. Очекувам дека тоа ќе започне во 2026 или 2027 година и ќе се заврши до крајот на мандатот – изјави Андоновски.

 

Во однос на заштитата на електронските адреси на училиштата, по неодамнешните случаи со дојави за бомби, ги повтори насоките да се почитуваат протоколите за однесување и да не се користат приватни адреси туку официјалните на училиштата и на МОН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имал закажано операција: Газдата на „Дурмо Турс“ побарал одложување на затворската казна
Следна Статија Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставен суд ќе ја почне расправата за Законот за јазиците

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 32-та седница на која меѓу точките на дневен ред се и иницијативите за оценување…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не сум изненаден што сум прислушкуван од АНБ, се надевам дека овие глодари ќе завршат позади рештки

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Агенцијата за разузнавање и и Агенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со него…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бројни поплаки: Граѓани рано утрово останаа без електрична енергија

Утрово после 5 часот бројни граѓани реагираа на социјалните медиуми и до медиумите дека речиси два часа останале без електрична…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК ја презема контролата врз воздушните потраги и спасување од 1 февруари

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?