Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До мај нов паркинг на Клиничкиот центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > До мај нов паркинг на Клиничкиот центар
МАКЕДОНИЈА

До мај нов паркинг на Клиничкиот центар

Објавено December 29, 2025 18:23
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со ‘смарт’ – инфраструктура и катна гаража“.

Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Министерот информираше и дека заедно со Министерството за образование и наука креираат национална стратегија за 10 години за да може да креираат профил на здравствени работници и професионалци, таму каде што е потребно.

– Тоа не може да се направи ниту за една година ниту за четири години. Знаете дека минимум шест години ни требаат за да се креира профил на доктор, одговори тој на новинарско прашање, по посетата на реконструираната Клиника за гинекологија и акушерство.

Министерот исто така потсети дека заедно со Владата ќе набават 100 амбулантни возила, а за 2027 година најави уште 50.

– Значи, за кратко време ќе има плус 150 амбулантни возила што ќе бидат опремени соодветно за да може да ги опслужат нашите граѓани, подвлече министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“
Следна Статија Украина ја нападнала резиденцијата на Путин со повеќе од 90 беспилотни летала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен

Централната лабораторија на Министерството за животна средина сѐ уште не е акредитирана за ниту една метода за следење на квалитетот…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани се возеше велосипедската тура во чест на загинатите во кочанската дискотека ,,Пулс”

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Спортскиот коментатор Тони Стојановски објави разделба со МРТ, се сели во Арена спорт

Следниот ангажман на досегашниот спортски коментатор на Македонската телевизија, Тони Стојановски, ќе биде во Арена спорт. Регионалниот телевизиски канал, кој…

September 1, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?