Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“
МАКЕДОНИЈА

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“

Објавено December 29, 2025 17:14
Сподели
Сподели

Објавен е првиот том од првиот „Македонскиот етимолошки речник“ (А-Ж) од професор д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и автор на Речникот. На 650 страници се обработени осум букви (А-Ж), со импозантен број на обработени заглавни зборови – 2.351 одредница, а ако се додадат етимолошките и деривациските гнезда, тогаш има околу 10.000 зборови. Издавач е Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје проф. д-р Елена Јованова-Грујовска на денешната прес-конференција истакна дека годинава имаат голем успех – објавувањето на „Македонскиот етимолошки речник“.

– „Македонскиот етимолошки речник“ е прв ваков речник во историјата на Македонија, на македонскиот јазик, на македонскиот народ. Првиот том го гледате пред нас. Има 650 страници. Се работеше неколку години во Институтот и е дел од еден поголем проект „Етимолошки речник на македонскиот јазик“. Неколку години беше само проект на Институтот за македонски јазик, а во 2025 година е прифатен од Министерството за образование и наука за национален проект и финансирањето целосно оваа година го презеде МОН, рече Јованова-Грујовска на прес-конференцијата во Институтот.

Таа информира дека за да се дојде до овој Речник, Гоце Цветановски организирал работа на еден поголем тим, кој веќе работи на Тезаурусен речник, но, како што рече, „имавме празнина која мораше да биде пополнета и да влеземе во кругот на словенските јазици што имаат свој Етимолошки речник“.

– Денес е тој ден. Од денес натаму и македонскиот јазик има свој етимолошки речник и го фативме чекорот со другите словенски народи и јазици, нагласи Јованова-Грујовска.

Авторот изрази благодарност за поддршката од Министерството за образование и наука и министерката Весна Јаневска.

– Според проценките на рецензентите, независниот научен истражувач и долгогодишен претседател на Етимолошката комисија при Меѓународниот славистички комитет д-р Николај Антропов и академик Марјан Марковиќ од МАНУ, и двајцата се согласија дека ги надминавме сите очекувања. На почетокот замислата беше да биде еден скромен прирачен етимолошки речник, но со ентузијазмот што го поседував бројот ги надмина сите очекувања и ова веќе може да се смета за едно огромно, капитално дело во пет последователни тома. Ќе биде опфатен целокупниот фонд на македонскиот јазик. Тоа подразбира дека освен основниот лексички фонд, преземен од Толковниот речник, се вградени и дијалектите, имаме обработка на дијалектни зборови, обработени се архаизмите, интернационализмите, турцизмите и еден мал лексички дел што го нарекуваме реликти на балканскиот јазичен супстрат, потенцира Цветановски.

Тој напомена дека во овој речник првпат ќе се видат етимолошките толкувања на некои зборови кои ги нема во ниту еден друг речник, ниту во бугарскиот, српскиот, словенечкиот или во други словенски или балкански речници. Како пример го наведе македонскиот збор бран.

– Со ова капитално дело македонскиот јазик и македонскиот народ веќе нема да биде вбројуван во јазиците и во народите што немаат свој Етимолошки речник. Етимолошкиот речник е врв на целокупното знаење. Таму се отсликува историјата на еден јазик и на еден народ, таму се отсликува културолошката дефинираност на народот, таму се отсликуваат позајмувањата, односно определени историски периди во кој некој јазик бил со престиж, а и тоа се огледува преку лексиката, рече Цветановски, кој изрази надеж дека со ова дело македонската јавност и сите Македонци ќе бидат задоволни.

Од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје нагласуваат дека „Македонскиот етимолошки речник“ е од особено значење за македонскиот јазик бидејќи претставува научно втемелено сведоштво за историскиот развој на македонскиот јазик, нуди научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови, поставени во поширок словенски и индоевропски контекст. Речникот е придонес кон јакнење на научната и на културната самосвест и претставува достоен промотор за меѓународна афирмација на македонскиот јазик како самостоен словенски јазик со сопствена историска и етимолошка традиција. Речникот се вградува во темелите на македонското културно и научно наследство и претставува дело со трајна вредност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност
Следна Статија До мај нов паркинг на Клиничкиот центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, следуваат итни законски измени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани се возеше велосипедската тура во чест на загинатите во кочанската дискотека ,,Пулс”

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

На скопската обиколница возел со брзина од 231 километар на час

Во пробниот период на системот „Безбеден град“ камерите регистрирале рекоред во пречекорување на дозволената брзина. На скопската обиколница бил „фатен“…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?