Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе инвестираме насекаде, порача Мицкоски од почетокот на реконструкцијата  на локалниот пат кон селото Црвена Вода во Општина Студеничани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе инвестираме насекаде, порача Мицкоски од почетокот на реконструкцијата  на локалниот пат кон селото Црвена Вода во Општина Студеничани
МАКЕДОНИЈА

Ќе инвестираме насекаде, порача Мицкоски од почетокот на реконструкцијата  на локалниот пат кон селото Црвена Вода во Општина Студеничани

Објавено March 15, 2025 14:11
Сподели
Сподели

Навистина сум среќен што денес се наоѓам овде, на ова преубаво место. Немам што да додадам во однос на овој проект, на тоа што веќе претходните говорници го кажаа- од аспект на техничките карактеристики, од аспект на буџет, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на започнувањето со реконструкција на локалниот пат Драчево- Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка’’ во Општина Студеничани.

„Мене ќе ми дозволите само да му се заблагодарам на градоначалникот и да му честитам за посветената работа, еве што изготвува проекти, со тие проекти потоа се аплицира во оваа владина програма, за да можеме ние да ги реалоцираме средствата од централниот буџет и да поддржиме ваков тип на општински проекти.

Да им се заблагодарам на моите колеги од Владата, на членовите на Владата, на советниците, на администрацијата овде во Општина Студеничани, на сите оние коишто работат за доброто на граѓаните.

И сè додека функционира сето ова вака како што функционира, ќе има проекти – ќе има проекти коишто значат поквалитетен живот на граѓаните, покомфорен живот, поубав живот. Ние немаме намера да заборавиме ниту едно место на целата територија на Македонија, ќе инвестираме секаде. Тоа го правиме еве веќе деветти месец, покажуваме поинаков начин на функционирање на Влада.

Еден од претходните говорници кажа дека порано се инвестираше во општини коишто не беа градоначалниците од опозицијата, се бираше од која политичка партија се. Ние немаме таква намера, инвестираме секаде и ќе продолжиме така да се однесуваме во иднина. Ќе покажеме еден поинаков карактер, едно поинакво однесување, бидејќи граѓанинот-Македонецот, Албанецот, Турчинот, Србинот, Ромот, Бошњакот и сите останати, Влавот-се центарот на нашето внимание, и сите ние заедно ќе работиме за нивно подобро утре.

Така што уште еднаш еве да им посакам уште многу проекти овде во Општина Студеничани, и поубав и покомфорен живот на граѓаните во Општина Студеничани“, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање
Следна Статија Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Труење е веројатна причина за смртта на мајката и детето од Слатино

Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Oд опозицијата мислат дека се родени за да бидат на власт, ние сметаме дека сме предодредени да работиме и се жртвуваме за својот народ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ синоќа од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува под мотото ,,Македонија забрзува,…

June 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Груби доделил тендери од преку 20 илјади евра за ќебапи во Пчела и Далма кетеринг

Околу 20 илјади евра се потрошени на две кепабчилници, објави актуелниот Иван Стоилковиќ министер, во Министерството за односи меѓу заедниците…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајанов: Напредокот на Македонија е далеку пред Албанија, Србија и Црна Гора

Лидерот на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов во „Само вистина“ говорејќи за трнливиот европски пат на државава рече дека Македонија…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?