Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
ЕКОНОМИЈА

До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците

Објавено April 18, 2025 19:05
Сподели
Сподели

Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени на нивните веб страници во посебен дел и да се ажурираат секој ден до 10 часот.

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека трговците имале доволно време да се прилагодат на оваа нова законска обврска и дека таа е во интерес на граѓаните. Законската обврска важи за сите трговци освен за оние кои имаат до 10 вработени.

  • Транспарентноста мора да биде поголема од страна на маркетите, граѓаните треба да знаат каде да ги трошат нивните пари и кои цени се поевтини. Треба да им излеземе во пресрет на граѓаните. Се работи за закон кој ги опфаќа гоилемите ланци маркети и тие имаат капацитет и своја веб страница и може да ја спроведат оваа законска мерка, вели Дурмиши.

Во однос на барањето на Комората на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун да се продолжи рокот за имплементација на одлуката, министерот Дурмиши планира средба со нив следната недела.

Казните за непочитување на законската обврска се движат и до 10.000 евра, а министерот Дурмиши најавува дека инспекторите на Пазарниот инспекторат ќе вршат проверки на терен.

Обврската за објавување на продажните цени на производите произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има
Следна Статија Серена: Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Биткоинот се доближува до нов рекорд

Цената на биткоинот вчера значајно порасна, приближувајќи се до своето рекордно ниво, додека блокирањето на работата на американската влада влегува…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 % за што сметаме дека ќе ја засили економијата…

January 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во делот на исплатата на субвенции во сточарството опфатени 4.100 сточари, земјоделците остануваа главен приоритет

Во делот на исплатата на субвенции во сточарството, опфатени се повеќе од 4 100 сточари, а исплатени се околу 350…

June 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Уште се преговара со комерцијалните банки за парите од унгарскиот заем

Домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиоит заем под истите услови под кои беа земени, рече денеска премиерот Христијан…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?