Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Форбс“: Илон Маск тежи 600 милијарди долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Форбс“: Илон Маск тежи 600 милијарди долари
ЕКОНОМИЈА

„Форбс“: Илон Маск тежи 600 милијарди долари

Објавено December 16, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Илон Маск стана првата личност чија проценета нето вредност достигна 600 милијарди американски долари, според пресметките на списанието „Форбс“ објавени вчера.

Зголемувањето е поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, „Спејс-Икс“, од страна на некои вработени и инвеститори. „Форбс“ ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак, ја зголеми пресметката на уделот на Маск. Само неколку часа претходно, „Форбс“ ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари, пренесе ДПА.

Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили „Тесла“ и „Спејс-Икс“.

За разлика од „Тесла“, „Спејс-Икс“ е во приватна сопственост, што значи дека неговата вредност не е одредена од јавната цена на акциите. Во таков случај, проценките се зановаат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и може значително да се разликуваат од евентуалната пазарна вредност. Врз основа на цената по којашто вработените можеа да ги продадат своите акции, „Форбс“ пресмета вкупна вредност на „Спејс-Икс“ од 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.

Со оглед на тоа што Маск поседува околу 40 отсто од „Спејс-Икс“, ревидираната проценка на „Форбс“ ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што работите во декември 2025? – Прашајте Hacker News
Следна Статија Обилен снег го покрива западен Пенсилванија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно…

October 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го поддржуваат денешниот бојкот на големите ланци маркети и сметаат…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Митева: Оперативниот план за вработување низ девет стратешки и добро темпирани мерки ќе допре до над 16.000 граѓани

Оперативниот план за вработување за 2025 година не е уште еден документ – тој е одговор на едно суштинско прашање:Како…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ако се утврди драстично зголемување на цените ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски немал информации дека цените во маркетите се драстично зголемени по завршувањето на мерката за ограничување на маржите.…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?