Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДПА: Путин за време на посетата на Кина ќе го промовира новиот мултиполарен светски поредок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ДПА: Путин за време на посетата на Кина ќе го промовира новиот мултиполарен светски поредок
СВЕТ

ДПА: Путин за време на посетата на Кина ќе го промовира новиот мултиполарен светски поредок

Објавено August 30, 2025 18:27
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин ќе даде нов импулс на идејата за мултиполарен светски поредок за време на неговата четиридневна посета на Кина, објави ДПА, повикувајќи се на долгото интервју што го даде за кинеската државна агенција Ксинхуа во пресрет на неговата посета на земјата.

Разговорот со кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјенџин треба да доведе до „нов моќен импулс“ во создавањето на овој светски поредок, рече Путин во интервјуто, пренесено од германската агенција.

Во интервјуто, што беше објавено на веб-страницата на Кремљ, рускиот претседател не ги спомена САД и војната во Украина.

Путин постојано изразува поддршка за намалување на американската доминација во светските случувања. Во интервјуто, тој, исто така, го забележа слабеењето на доларот. Русија и Кина, на пример, во меѓусебното тргување речиси целосно се префрлија на своите национални валути.

Тој, исто така, го гледа зајакнувањето на Глобалниот Југ, предводен од земјите на БРИКС – првично Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, на кои им се придружија нови членки – како клучен елемент во градењето на нов светски поредок.

Според Кремљ, Путин ќе разговара со голем број лидери, меѓу кои и од Индија, Турција, Иран, Србија и Пакистан.

Самитот, што ќе се одржи утре и задутре, ќе биде најголемиот откако е основана Шангајската организација за соработка пред 24 години. Кина очекува на самитот да присуствуваат претставници од 20 земји и 10 организации. ШОС има 10 земји-членки во која покрај основачите Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, од 2023 во нејзината работа учествуваат и Индија, Пакистан, Иран, а од 2024 година и Белорусија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Лозарите се оставени сами, без никаква поддршка, кажа Филипче од Кавадарци
Следна Статија (ВИДЕО) Спречен е масакр по натпреварот Челси – Фулам во Лондон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Островот Бали остана без струја

Неколку региони на туристичкиот остров Бали во Индонезија денеска останаа без струја, а во тек се напори за обновување на…

May 2, 2025
СВЕТ

Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

Континуираните ирански ракетни напади врз Израел покажуваат дека силите на Техеран можат да се прегрупираат дури и откако Израел уби…

June 16, 2025
СВЕТ

Ова е ракетата „Јехрион 3“ со која Израел планира да гаѓа во Иран

Израел планира балистички и хиперсоничен ракетен напад врз Иран. Според најавите,списокот на цели ги вклучува иранските нафтени и нуклеарни постројки,…

October 7, 2024
СВЕТ

(Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?