Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Драма во Базел пред почетокот на Евровизија: Од сцена, натпреварувач завршил на итна операција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Драма во Базел пред почетокот на Евровизија: Од сцена, натпреварувач завршил на итна операција
ЗАБАВА

Драма во Базел пред почетокот на Евровизија: Од сцена, натпреварувач завршил на итна операција

Објавено May 6, 2025 22:04
Сподели
Сподели

Норвешкиот претставник на Евровизија, Кајл Алесандро, беше итно опериран по првата проба.

Имено, Кајл Алесандро го заврши својот прв настап во Базел во неделата во неподносливи болки поради тешка инфекција на забите.

За успешно да ја заврши пробата, тој морал да зема силни лекови, а веднаш откако ја напуштил сцената, итно бил префрлен во стоматолошка ординација.

„Едвај можеше да ја отвори устата и зеде силни лекови против болки за да може да ја заврши пробата“, рече водачот на делегацијата Мадс Торклеп.

Како што понатаму изјави, стоматологот дијагностицирал акутна инфекција на непцата и веднаш го отстранил умникот на Алесандро, кој почнал да боли пред една недела.

  • Не размислував многу за тоа и мислев дека веројатно ќе помине по неколку дена, но оттогаш болката стануваше сè посилна и посилна, сè до денес. Го започнавме денот со првата проба во арената и помина исклучително добро. По пробата, повторно почнав да чувствувам силни болки, па имавме итен преглед кај стоматолог, поради што ми го извадија умникот. Стоматологот рече дека треба да одмарам до среда, а потоа сè беше подобро“, рече Алесандро, додавајќи дека поради неговата здравствена состојба, сите негови проби и интервјуа за печатот за понеделник и вторник се откажани.

За потсетување, Кајл Алесандро ќе ја претставува Норвешка на Евровизија со песната „Lighter“ во првото полуфинале на 13 мај и ќе настапи како осми изведувач.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ријана стана „жена од милијарда долари“ благодарејќи на една генијална одлука
Следна Статија Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 

Британскиот престолонаследник Вилијам е подложен на медицински тестови, по неодамнешната смрт на неговиот поранешен воен инструктор за летање, наредникот Зак…

February 22, 2025
ЗАБАВА

(Фото) Адријана Лима, речиси гола, „пука“ од сексапил на ревијата на „Викторија сикрет“

Брендот „Викторија сикрет“ повторно е во центарот на вниманието по модната ревија во Њујорк на која учествуваа голем број големи…

October 17, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Утре ја имаме последната Супермесечина за оваа година: ќе биде поголема и посветла

Подгответе се за небесен спектакл додека последната полна месечина за 2025 година излегува во полн сјај. В четврток, 4 декември,…

December 3, 2025
ЗАБАВА

Полска радио станица ги отпушти сите новинари и ги замени со вештачка интелигенција

Радио станица од Полска предизвика контроверзии откако ги отпушти сите свои новинари и го рестартираше емитувањето со најавувачи создадени од…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?