Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера
ПОЛИТИКА

Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера

Објавено May 6, 2025 22:41
Сподели
Сподели

Во Владата попладнево се одржа средба на премиерот Христијан Мицкоски со лидерите на коалицијата „Вреди“ Биљал Касами, Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими.

Средбата, според информациите од Владата, поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух. Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. Од Владата информираат дека разговорите продолжуваат.

Средбата претходно денеска ја најави и лидерот на Движењето „Беса“, Биљал Касами кој во изјава за медиумите рече дека заедно со Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими вечерва ќе имаат средба со премиерот.

– Како коалиција ВЛЕН ќе инсистираме до крај секој што соработува со ДУИ во овие околности кога таа партија е на црните листи и треба да даде отчет за корупцијата на нејзините високи функционери, не може да биде прифатлив. Вечерва имаме средба со премиерот на која веруваме дека ќе ги разјасниме овие околности. Повторно велам дека тоа не е прифатливо, а тоа го кажа и премиерот, дека не може да се соработува со опозициска партија, во овој случај со ДУИ и истовремено да се остане во Владата. Со премиерот треба да ја разјасниме оваа ситуација, став што досега сме го имале заеднички во однос на продолжувањето на останувањето во Владата, рече Касами.

Вчера, премиерот Мицкоски оствари средба и со лидерот на едното крило на Алијанса на Албанците Арбен Таравари. Средбата заврши без епилог, но од Владата за медиумите соопштија дека поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднината за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции.

Премиерот претходно вчера изјави дека Таравари има две опции да биде во Владата – за реформи и промени или да биде со оние кои две децении ја криминализираа државата. Таравари изјави дека нема договор со ДУИ, и дека кога ќе има, нема да претендира да биде повеќе дел од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Драма во Базел пред почетокот на Евровизија: Од сцена, натпреварувач завршил на итна операција
Следна Статија Индија го нападна Пакистан (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Визијата на Борис Трајковски останува наша обврска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација кои загинаа во авионска несреќа…

February 26, 2026
ПОЛИТИКА

Меџити: Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи

Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави предмалку Изет Меџити. Вели, не било тајна дека Арбен преговарал…

April 16, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Зајкова: Потребно е итно законско решение за зауздување на „шурењето“ на граѓаните од страна на банките

„Кога државата гледа дека постојано растат провизиите и дека банките ги 'шурат' граѓаните со непотребни трошоци, нека се направи една…

June 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?