Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош
ПОЛИТИКА

Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош

Објавено September 6, 2025 13:11
Сподели
Сподели

Во држава која важи за сиромашна, задолжена и со масовна емиграција, политичките партии добиваат милиони евра од нашиот буџет — без никаква гаранција за резултати, отчетност или реална корист за граѓаните објавија од иницијативата „Независни за Карпош“ за парите кои се одвојуваат од буџетот за партиите.

Според Законот за финансирање на политички партии, државата издвојува 0,15% од вкупните изворни приходи на буџетот. Од таа сума, 30% се делат рамномерно на сите партии што освоиле најмалку 1% од гласовите, а 70% се распределуваат пропорционално според бројот на пратеници и советници.

– Големите партии добиваат најмногу, но многу мали партии добиваат значителни суми, иако немаат реална политичка тежина. Системот овозможува финансиско опстојување на мали партии, што може да биде начин за контрола на гласачкото тело и одржување на статус-кво. Над 60 партии добиле пари. Најголем дел од нив немаат ниту еден пратеник или советник, а за голем број јавноста и не знае дека постојат. А парите се наши — од даноци, од кредити, од иднината – велат од Иницијативата.

Нивната анализа покажува дека токму овој модел создава систем на „платено постоење“, бидејќи многу мали партии со само неколку десетици гласови добиваат пари од државата. Како пример се наведува Општина Ранковце, каде што партијата Интегра со само 43 гласа или 1,93% влегла во групата за финансирање, како и Општина Демир Капија, каде Единствена Македонија со 37 гласа (1,5%) го исполнила условот.

– Големите партии добиваат најмногу, но многу мали партии опстојуваат финансиски, иако немаат ниту реална политичка тежина, ниту препознатливост во јавноста. Над 60 партии земале пари, а најголем дел од нив немаат пратеник или советник – велат од Независни за Карпош, оценувајќи дека ова е модел на одржување на статус-кво и купување на влијание.

Предлагаат целосно укинување на државното финансирање за локални избори, а за парламентарни да остане само скромен износ – во висина на три просечни плати по освоен пратеник.

-За 120 пратеници годишно би се издвојувале околу 150 илјади евра, или 100 илјади ако бројот се намали на 90, што е драстично помалку од планираните 8,3 милиони евра за 2025 година – додаваат од иницијативата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Платив 2.400 евра за една ноќ, а добив сомнителен детаљ над креветот“ – како изгледа единствениот хотел во светот со 7 ѕвезди? (ВИДЕО)
Следна Статија (ВИДЕО) Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постојат директни сведоштва кои укажуваат на голема инвестиција на поранешниот премиер Зоран Заев во Дубаи, каде, според…

December 25, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата

емократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради континуираното занемарување на употребата на албанскиот јазик во официјалната комуникација на Владата…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку лајв видео и фотографии информира дека на само една недела пред изборите одредени…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Петар Богојески од еразмус оди на друга владина функција, го надградил коалицискиот договор со Мицкоски

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?