Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државата ќе исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков за застарениот предмет „Таргет“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Државата ќе исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков за застарениот предмет „Таргет“
МАКЕДОНИЈА

Државата ќе исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков за застарениот предмет „Таргет“

Објавено June 18, 2025 16:43
Сподели
Сподели

И покрај тоа што предметот „Таргет – Тврдина“ за масовното прислушување во поранешната УБК е застарен веќе речиси две години, државата сега ќе мора да плати 85.000 евра на адвокатите на обвинетите, меѓу кои и поранешниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, објави Антропол.мк

Од Кривичниот суд потврдуваат дека трошоците за постапката се пресметани, а решенијата се во изработка и наскоро ќе бидат доставени до странките во постапката.

„Имајќи го предвид јавниот интерес за предметот, ве известуваме дека пресметаните трошоци според сè уште неправосилните решенија се над 5.200.000 денари“, соопштија од Кривичниот суд.

Станува збор за предмет кој го водеше поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а кој откри систематско и масовно прислушување на илјадници граѓани во периодот пред политичката криза во 2015 година. Иако јавноста очекуваше судска разврска и санкции за одговорните, случајот заврши без судска пресуда поради апсолутна застареност.

Дополнително, државата ќе се соочи и со нови финансиски обврски – обесштетување на жртвите од незаконското прислушување. Доколку обвинетите беа прогласени за виновни, овие трошоци ќе паѓаа на нивна сметка. Сега, целокупната финансиска тежина ќе ја сноси буџетот – односно граѓаните.

Со ова, случајот „Таргет – Тврдина“ добива нова димензија – не само како симбол на неказнивост, туку и како финансиско оптоварување за државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици
Следна Статија Медицина, економија, технологија- најатрактивни насоки за полуматурантите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денес во Кочани ќе се одржи единаесеттиот „Марш за ангелите“

Денес, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“,…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија прва во регионот добива 52,2 милиони од планот за раст на ЕУ

Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски единствен од лидерите од регионот на инаугурацијата на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде единствен лидер од Балканот кој ќе пристуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп…

January 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Изумот на Борис Секирарски спасува животи при поплави и пожари, а државата 8 години е незаинтересирана

Македонија со години има на располагање систем кој навреме алармира за опасност од поплави, но и дава корисни и навремени информации…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?