Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
МАКЕДОНИЈА

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ

Објавено December 25, 2025 11:34
Сподели
Сподели

Државниот врв во земјава им го честита Божиќ на верниците што денеска го прославуваат Рождеството Христово.

Премиерот Христијан Мицкоски во божиќната честитка порача дека празничните мигови треба да бидат потсетник за обединување бидејќи, како што рече, заеднички може да се изгради држава во која секој граѓанин ќе се чувствува ценето, заштитено и исполнето со надеж за поубава иднина.

„Нашата традиција како земја и општество не научила низ вековите дека заедно сме посилни и заедно можеме да ги надминеме сите препреки и искушенија пред кои сме биле исправени. Наша должност како генерација е да се бориме и со Божја промисла, да се избориме за подобар живот и подобра Македонија за сите нас како народ и за нашите идни поколенија кои доаѓаат. Да работиме посветено за да изградиме стабилна, економски силна и праведна држава, која ќе даде можност на сите за работа и среќен живот, тука во родната земја“,порача Мицкоски, а на верниците им посака благосостојба, духовен мир и добро здравје.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на верниците им посака добро здравје, духовен мир и радост и ги повика божиќните празници да бидат поттик за чинење добри дела и взаемно почитување.

„Да даруваме насмевки, да негуваме човечка блискост и да бидеме носители на ведрина и позитивна мисла во секојдневието, споделувајќи радост со сите околу нас. Божиќ, како еден од највозвишените христијански празници, нè потсетува на вечните вредности: солидарноста, човечноста и надежта, коишто ги зближуваат луѓето и ја зајакнуваат вербата во подобра иднина“,порача Сиљановска-Давкова во честитката што ја упати до верниците.

Честитка до верниците испрати и претседателот на Собранието, Африм Гаши, посакувајќи им празничните денови да ги поминат во добро здравје, семејна топлина, спокој, надеж и оптимизам за годината што претстои.

„Во името на Собранието и во мое лично име, упатувам искрени честитки до сите католички верници во државата. Божиќните празници носат пораки на мир, солидарност, човечност и меѓусебно почитување, вредности кои се темел на секое демократско и мултиетничко општество. Токму преку заемно разбирање, почитување на различностите и заедничка посветеност кон општото добро, ја градиме стабилноста и иднината на нашата држава“,порача Гаши во честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија БП е близу до продажба на најголемиот дел од единицата за подмачкување Castrol на Stonepeak
Следна Статија Dow Jones Идни договори: С&П 500 достигна рекордно затворање; Nvidia и Google покажуваат сигнали за купување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Игновски сведочеше во „Пулс“: Продадени осум топли фонтани на член на ДНК, опремата била набавена од Бугарија

На продолжението од судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во Идризово сведочеше Горан Игновски, долгогодишен трговец со сценска и…

March 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нема да има мигрантски кампови во Македонија: Амбасадорот Лосон ги демантира шпекулациите

Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тврдењата и шпекулациите ан медиумите на СДСМ и ДУИ, тој јасно нагласи дека со…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДОНАЦИЈА ОД ЕУ од 18 возила за Инспекторатот за транспорт

Осумнаесет возила од кои две специјално опремени за следење доби Инспекторатот за транспорт од Европската унија. Донацијата, што денеска лично…

July 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во Белград бесплатен јавен превоз, во Скопје никаков

Главниот град на соседна Србија за помалку од две недели ќе добие бесплатен јавен превоз. Скопје „е далеку“ од Белград,…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?