Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државниот обвинител Савески го почнува мандатот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Државниот обвинител Савески го почнува мандатот
МАКЕДОНИЈА

Државниот обвинител Савески го почнува мандатот

Објавено March 19, 2026 08:32
Сподели
Сподели

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска треба да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Савески ќе биде деветти републички обвинител на Македонија од независноста во 1991 и 19-ти од 1945 година. Неговиот избор следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски.

Собранието вчера со 66 гласа „за“ го избра Савески за нов државен јавен обвинител. Согласно Законот за јавно обвинителство, член 63, мандатот на државниот обвинител е шест години, со право на повторен избор.

Во изјава за МИА, Савески истакна дека негов приоритет ќе биде радикална отчетност, транспарентност и дигитализација на обвинителскиот систем. Тој смета дека најголем проблем не се платите, туку условите за работа, нагласувајќи дека „не може сиромашна институција да се бори со богат криминал“.

Најавува воведување на дигитален систем со кој ќе се следи работата на обвинителите и ќе се спречи т.н. „фиока стоп-систем“. Според него, дигитализацијата ќе помогне да се видат реалните причини за бавното постапување – недостиг на кадар, експерти, помошни служби и сл.

Вели дека не сака да издвојува предмет со кој би ја почнал работата како нов државен јавен обвинител бидејќи за него сите се еднакво важни зашто „се работи за човечки судбини“, но исто така нема да води селективна правда и секој предмет ќе се работи во согласност со законот и во согласност со роковите и принципите за работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премија на животот стигнува за само два хороскопски знака
Следна Статија Светскиот капитал од Дубаи се сели во Сингапур, дали и македонските бизнисмени ќе мораат да ги префрлаат инвестициите?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Имало ли „спонзори“ при операцијата за промена на името?

Дали Преспанскиот договор е чедо на корупцијата, прашува во својата анализа „Нова Македонија“ Клучно е Македонија да се држи до меѓународното…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Успешни Македонци претприемачи придонесуваат за зближување на американските и балканските бизнис заедници

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на САД, по повод 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации,…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство

Во изминатите четири години, вкупно 10.500 државјани на Република Турција поднеле барање за стекнување македонско државјанство по основ на македонско…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протестен марш во Скопје против поради загадувањето на Крива река

Еко активистите денска излегоа на протест за да го искажат своето незадоволство од како што го нароека нефукционирањето на државните…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?