Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд

Објавено December 23, 2024 23:00
Сподели
Сподели

Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со недостапноста на Артан Груби и Перпарим Бајрами за органите на прогонот за случајот со криминал во Државна лотарија.

Во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, министерот кажа дека не би сакал да шпекулира каде е Груби за кој деновиве, рече, се слушале разни информации каде се наоѓа.

-Но би сакал да верувам во она што се обзнани во јавноста дека ќе се врати во Македонија зашто е чист како солза и затоа што смета дека овие основани сомненија, за кои е отворена истрагата од јавен обвинител, не се така како што ги толкува МВР и Обвинителство… Би сакал да се одважи и, ако е чист како солза, да пристигне во Македонија. МВР има капацитет да ја гарантира неговата безбедност… Ако еден човек толку долго се занимавал со политика, најмалку што може да стори е да ги одложи приватните обврски, ако ги имал, и да се врати во Македонија и во законска постапка да ги докаже своите тези на одбрана. За да се докаже, мора да е достапен на судот, рече Тошковски.

На прашање дали имало „кртови“ во МВР или во Обвинителството кои го известиле Груби за да ја напушти земјата, рече дека има истрага, но дека не може да сподели информации. Соопшти дека во претресите кај недостапните осомничени за криминал во Лотарија се пронајдени поголеми количини суми „пари за кои постојат сомнежи дека дел од средствата кои незаконски се стекнати се употребени за купување на одреден имот во и надвор од Македонија“.

– Но за жал, во овој момент не можам да откријам факти во оваа истражна постапка и не е време да се изнесат во јавноста. Да се остави во законита постапка и процес на правда, а за тоа ни треба време и темелна истрага, рече Тошковски.

За полицаецот Б. Ј. од Граничната полиција, против кого МВР поднесе кривична пријава и е донесено решение за суспензија, рече дека направил „кардинална грешка“ затоа што бил должен да го задржи возилото со кое се превезувал Груби, бидејќи бил на „Стоп листа“, а потоа да го извести надлежниот јавен обвинител за упатства за натамошно постапување.

Од видеозаписот обезбеден од камерите на ГП Блаце се видело дека полицаецот му го прегледал пасошот и откако возилото го напуштило преминот „по неколку минути“ и „во фаза на напуштање“ односно кога веќе бил во МВР на Косово, тој констатирал дека Груби е на „Стоп листата“ и тогаш известил.

-За жал, полицаецот не постапил согласно стандардна оперативна процедура и не го задржал односно му дозволил да излезе… Најмалку за несовесно работење во служба треба да одговара, рече Тошковски. Откако ЈО ќе го собере целиот доказен материјал, рече, истражната постапка ќе утврди дали станува збор за организација од повеќе лица и дали полицаецот е инволвиран.

На прашањето зошто за раководителот на смена имало само дисциплинска постапка, а бил одговорен за батерии во камерите кои не работеле, министерот одговори дека се работи за камери кои полицајците ги носат на униформите и дека тој проблем бил отпорано. Меѓутоа, рече, камерите на граничниот премин функционирале и го снимиле постапувањето на полицаецот кој го зел пасошот на Груби за увид и потоа му го вратил.

-Внатрешна контрола констатирала дека раководителот требало да се грижи за батерии, но тоа траело подолго време, и неговите дејствија немаат директна вина за излез и незапирање. Затоа кон раководителот има само дисциплинска постапка зашто нема причинско-последична врска со тоа што Б. Ј не го запрел возилото, додаде Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети: Без оглед на политичката чистка, им порачувам дека ДУИ е ураган
Следна Статија Тошковски: Документи се вадат во законскиот рок, нема веќе турканици ниту хаос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Новата Универзална сала ќе има 1.200 седишта, нова просторна акустика и ќе биде енергетски ефикасна, планирано е изградбата да заврши до крајот на 2027 година

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна на аеродромот во Будимпешта. Мицкоски на Фејсбук напиша дека повторното воспоставување на линија…

March 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага

Универзитетската професорка по криминалистика, Марина Малиш Саздовска вели дека Министерството за внатрешни работи, во врска со трагичниот настан во Кочани,…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“

Објавен е првиот том од првиот „Македонскиот етимолошки речник“ (А-Ж) од професор д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?