Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експертите бараат поголем буџет за цврсти обвинителски истраги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Експертите бараат поголем буџет за цврсти обвинителски истраги
МАКЕДОНИЈА

Експертите бараат поголем буџет за цврсти обвинителски истраги

Објавено March 17, 2026 17:56
Сподели
Сподели

Собраниската Комисија за политички системи организираше јавна расправа за новиот предлог-закон за Јавното обвинителство, на која експерти од правната област ги кажаа забелешките околу решението. На почетокот, членовите од работната група што го составуваше законот рекоа дека тој е дел од реформската агенда и дека во него се вметнати сугестиите на Венецијанската комисија и од оценската мисија на ЕК. Во однос на прашањето што се отвори во јавноста – државниот обвинител да се избира со квалификувано мнозинство во Собранието, од групата што работеше на законското решение велат дека треба да се предвиди тоа во Уставот. Истакнаа дека со новиот закон разрешување на републичкиот обвинител може да иницира и Советот на јавни обвинители, а тој на седница јавно да ги каже своите контрааргументи.

Меѓу правните говорници беше поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева, според која не треба да се брза со законот и треба добро да се осмисли. Ја кажа потребата од поголем буџет за обвинителствата и за дигитализација.

– На обвинителите треба да им се обезбедат услови за работа, треба да имаат достапност до сите бази на податоци, да не испраќаат уште барања по писмен пат. Според ова законско решение, ние, како држава, немаме намера да направиме современо ЈО, туку се држиме за она што го знаеме – кажа Тасева.

Според неа, не е доволна само биографијата на новиот државен обвинител туку и да се провери неговиот интегритет.

Претставникот од адвокатската фела, адвокатот Јасмин Калач, како позитивна забелешка го истакна рокот од 6 до 9 месеци во кој ќе траат дисциплинските постапки за јавен обвинител за кои е поднесена претставка до Советот.

– Дисциплинските постапки траеја со години и дел од нив завршуваа со оставки на обвинителот, што значи тивка амнестија за тоа што го сториле. Решението за рок од 6 до 9 месеци е доволен, а оставката нема да ја запре постапката во Советот на јавни обвинители. Вонредните механизми за проверка на работата на обвинителите се, исто така, позитивни, но сметам дека треба да се зацврстат критериумите, да не дојде до ситуација на реваншизам – смета Калач.

Неговата критика, исто како и на другите експерти, се однесуваше на кусиот буџет, кој не може да обезбеди цврста истрага.

– Еве, само како пример ќе споделам, јас сум адвокат во случајот „Пулс“, само вештачењето и обдукциите чинат половина милион евра, па кога ќе споредиме со буџетот од 0,4 %, тоа е навистина многу малку – кажа овој адвокат на јавната расправа за законот за ЈО.

Правните експерти сметаат дека новиот предлог е добра основа, но треба да се преработи со амандмани. Предлогот помина на прво читање пред народните избраници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако нема нафта, нема пари за Украина, порача Орбан
Следна Статија 19 годишната девојка која падна од тераса била психички и физички малтретирана од таткото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција ќе го чешла случајот Александрополис за сторен криминал

Поранешни членови на управни и надзорни одбори и функционери од претходната Влада добија кривични пријави затоа што закупиле капацитет за…

June 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд седниците ќе ги пренесува во живо

Уставниот суд на Република Македонија започнува со најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Почнувајќи од 4 март,…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема

 Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ - Западен…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бетмен Велит му ја затна муцката на бугарскиот рапер ,,Уста” (ВИДЕО)

Новинарот и водител на ,,Шоуто со Богдан Илиевски” познат и како  Бетмен Велит му ја затна муцката на бугарскиот рапер…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?