Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ бара повлекување на предлог-законот за правична застапеност и враќање на „балансерот“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ бара повлекување на предлог-законот за правична застапеност и враќање на „балансерот“
ПОЛИТИКА

ДУИ бара повлекување на предлог-законот за правична застапеност и враќање на „балансерот“

Објавено October 10, 2025 15:49
Сподели
Сподели

Опозициската Демократската унија за интеграција вели дека по точно една година откако Уставниот суд го укина „балансерот“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции, ситуацијата со застапеноста на Албанците во институциите се повеќе се влошува. Од партијата бараат повлекување на предлог-законот за правична застапеност, кој го подготви актуелната Влада, и враќање на „балансерот“ кој според интегративците е во духот на Охридскиот рамковен договор и на Уставот на државата.

Ставот на интегративците по ова прашање, за кое често реагираат од партијата, денеска на прес-конференција го пренесе нејзиниот потпретседател, Арбер Адеми, кој рече дека одлуката на Уставниот суд да го укине единствениот механизам кој, како што рече, гарантирал следење на правичната и соодветна застапеност на етничките заедници во државните институции, била политичка и спротивна на Уставот.

„Една година подоцна, последиците се јасни, болни и алармантни. Оваа одлука не беше техничка, ниту административна. Беше политичка и противуставна, затоа што имаше за цел да го избрише етничкото изјаснување и да ги демонтира колективните права загарантирани со Охридскиот мировен договор и санкционирани со амандман VI на Уставот“,рече Адеми.

Според потпретседателот на ДУИ, укинувањето на „балансерот“ всушност бил институционален напад врз еднаквоста и отворено враќање пред 2001 година, кога Албанците партиципирале со помалку од 0,2 проценти во државната администрација.

Пред укинувањето на „балансерот“, како што посочи тој, Албанците биле застапени со околу 22 отсто во администрацијата, процент, кој, додаде, постепено се зголемувал од година во година.

По укинувањето на алатката, изјави Адеми повикувајќи се на јавни податоци, при новите вработувања во повеќето државни институции процентот на Албанци не надминува ниту пет проценти, а и тие што се вработуваат се, како што кажа, членови на „тесното семејство“.

„Тоа значи дека процесот не оди напред, туку назад, и во краток период реалната застапеност ќе падне под 20%. Ова е тивко институционално чистење, што се случува со молкот на Владата и со поддршката на оние кои требаше да ја бранат еднаквоста, а не да ја погребаат. Премиерот зборува за над 12 000 нововработени, но меѓу нив Албанците се помалку од 500. Тоа е вистинската слика на администрација што повторно се претвора во едноетнички монопол – влада што ја напушти охридската идеја и уставната правичност“,рече потпретседателот на ДУИ.

Ова, како што посочи тој, веќе не е само политичко прашање, туку и уставно, национално и егзистенцијално прашање за Албанците и за сите заедници во Северна Македонија.

Според потпретседателот на ДУИ, станува збор за намерен обид „за институционална асимилација и елиминација на Албанците и другите немнозински заедници“ од носењето одлуки на државно ниво.

Говорејќи во таа насока, Адеми го критикуваше предлог-законот за правична и соодветна застапеност, кој треба да го замени „балансерот“, а кој, како што кажа, само ја бетонира дискриминацијата.

„Наместо да ја исправи оваа неправда, Владата – преку новиот нацрт-закон за правична и соодветна застапеност, изработен од ВМРО-ДПМНЕ и (Тања) Каракамишева, а срамно поддржан од ВРЕДИ – го бетонира дискриминирањето. Сето ова се случува додека укинувањето на ‘балансерот’ беше едно од главните изборни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ – ветување што ВРЕДИ, како политички вазал, помогна да се реализира против интересите на Албанците. Ова не е само штетна соработка, ова е директно вклучување во антиалбански проект кој има цел да ги избрише сите придобивки од Охридскиот договор“,рече Адеми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Учениците од Прилеп го формираа македонското знаме
Следна Статија Газда на фабрика во Кавадарци не ја пушти да влезе адвокатката која застапува фамилија на загинат работник од Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат…

May 29, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра

Власта има лоши економски политики, ниту пак води грижа за работниците во било кој сектор и воопшто нема најава за…

September 1, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Не може државата да биде заложник на веледрогеријата Пановски, која е во блиски релации со Филипче

Тоа што веледрогеријата Пановски, преку тогашниот министер за здравство Венко Филипче, испумпувала милиони преку тендери, не смее да остане така,…

January 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата, Мицкоски да си ја надмине суетата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанска трибина во Македонски Брод, го повика премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ,…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?