Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Владата е одговорна за дефокусирањето од процесот на европска интеграција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Владата е одговорна за дефокусирањето од процесот на европска интеграција
ПОЛИТИКА

ДУИ: Владата е одговорна за дефокусирањето од процесот на европска интеграција

Објавено July 7, 2025 20:27
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за правецот што го зазеде новата влада и за нејзините намерни обиди да го дефокусира јавниот дискурс од стратешките прашања од клучно значење за државата, а особено од европската интеграција. Сме сведоци дека вчера самиот премиер Христијан Мицкоски јавно призна дека предлогот за оданочување на невенчаните лица била ‘фрлена’ тема со цел да се предизвика дебата, односно намерно средство за одвлекување на вниманието од реалните и итни прашања со кои се соочува државата“, велат од ДУИ.

„Ова признание од страна на премиерот е алармантно, бидејќи потврдува дека оваа влада не се води од долгорочна визија за државата, туку од дневно политички калкулации, со цел да се прикријат неуспесите и вистината да се држи далеку од јавноста.

Вистината е дека Северна Македонија сè повеќе тоне во изолација. Тоа го потврдува и последниот извештај на Европскиот парламент, во кој се истакнува стагнацијата на државата во процесот на интеграција, зголемениот руско влијание и концептот на „српскиот свет“ во внатрешната политика, како и недостатокот на демократски напредок.

Јасно е дека руското влијание и концептот на „српскиот свет“ имаат за цел да ја држат Северна Македонија изолирана, далеку од Европската унија и западните вредности. Дел од ова сценарио е и систематското исклучување на Албанците од институциите, од носењето одлуки и од јавниот живот.

Оваа влада, наместо да биде фактор на обединување, се движи по опасен пат кој има за цел меѓуетничка поделба, маргинализација на Албанците и ослабување на евроатлантската ориентација на државата.

ДУИ ќе продолжи цврсто да стои во одбрана на евроатлантските интереси на граѓаните и на државата, спротивставувајќи се на секој обид за изолација, дефокусирање или исклучување“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале на Вимблдон
Следна Статија На некого ќе му се посреќи: Од Контрола на летање најавуваат нови вработувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја уништи СДСМ, да си поднесе оставка

Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз на СДС каде партијата доживеа најтежок изборен дебакл и…

November 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират – Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, СДСМ денеска објавува нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ поткрепен со докази и факти.…

March 13, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски ќе биде градоначалник на Скопје, ако ВМРО-ДПМНЕ го кандидира за локалните избори

Покажавме во изминатите три години дека нема изговори, туку дека има решенија за проблемите и дека сум посветен на работата.…

December 9, 2024
ПОЛИТИКА

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица води со повеќе од 2000 гласови

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Јанков води со 2000 гласови разлика, објави Струмица денес.…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?