Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зајкова: Владејачкото мнозинство наместо за граѓаните, повторно реши да одработи за банките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Зајкова: Владејачкото мнозинство наместо за граѓаните, повторно реши да одработи за банките
ПОЛИТИКА

Зајкова: Владејачкото мнозинство наместо за граѓаните, повторно реши да одработи за банките

Објавено June 24, 2026 14:31
Сподели
Сподели

Пратениците од владејачкото мнозинство повторно не ги поддржаа измените и дополнувањата на Законот за платежни услуги и платни системи, со кои ќе се намалеа непотребните банкарски провизии и ќе се заштитеа граѓаните од плаќање дополнителни средства, во време на секојдневни економски предизвици и раст на цени.

„Денес не одлучуваме за интересите на банките. Денес одлучуваме дали сме на страната на граѓаните или на страната на банкарските профити. Три години ЛДП го отвора ова прашање. Три години предупредуваме дека не е нормално граѓаните да плаќаат сè повисоки провизии додека банките бележат рекордни добивки. Три години слушаме изговори, а граѓаните добиваат нови трошоци“, изјави денеска од собраниската говорница претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова.

Во време кога семејствата едвај го поминуваат месецот, кога пензионерите пресметуваат дали ќе купат лекови или храна, кога младите се борат за пристоен живот, некој решил дека и банкарските провизии треба дополнително да растат.

„Тоа е злоупотреба на позиција и профитирање на грбот на народот. Банките не создаваат профит во празен простор. Тој профит доаѓа од секој работник, секој пензионер, секој студент и секое семејство кое е принудено да користи банкарски услуги. Затоа е сосема оправдано државата да постави граници таму каде што јавниот интерес е загрозен. Да не заборавиме – граѓаните не се клиенти по сопствен избор. Денес плата, пензија, социјална помош и речиси секоја трансакција минуваат преку банкарскиот систем. Ако веќе граѓаните се обврзани да бидат дел од тој систем, тогаш државата е должна да ги заштити од неоправдани трошоци“, посочува претседателката Зајкова и ги праша колегите кому ќе му служат? На луѓето кои ги избрале или на оние кои секоја година прикажуваат милионски профити?

„Гласањето за овој закон е едноставен избор. Избор помеѓу интересот на граѓаните и интересот на профитерите. ЛДП е на страната на граѓаните. Очекуваме и вие денес да бидете таму. Ве повикувам конечно да го поддржите законот“, заклучи Зајкова во својот говор, но пратениците од владејачкото мнозинство со одбивањето на предлогот, наместо на страната на граѓаните, одбраа да одработат за банките.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП: До 30 јуни истекува рокот за првите пријави за минималниот глобален данок
Следна Статија Хрватски политичар е брутално убиен во Задар — го нарекуваа „гласот на српското малцинство“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ацевски од СДСМ поднесе оставка и го повикува Филипче и целото раководство на СДСМ да го сторат истото

Кандидатот за градоначлник за општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски после катастрофалниот пораз на овие локални избори поднесе неотповиклива оставка од…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик

Ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе направам такво нешто да употребам вето за да навредам некој јазик, ниту пак…

January 7, 2025
ПОЛИТИКА

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3…

November 8, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Ристоска и Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви,…

February 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?