За сè што не функционира во оваа држава, виновни се ДУИ и Албанците. За настаните од 28 Ноември, виновна е ДУИ. За Кочани, виновна е ДУИ. За пожарите, виновна е ДУИ. Ова извртување на реалноста и дискриминаторска логика не е само опасна, туку и целосно неприфатлива, реагираат утрово од ДУИ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
Овој пат, црвените линии се преминати, со инструментализирање на полицијата, медиумите, па дури и дипломатските канали во мрежата на клевети, со цел да се легитимираат политички фабрикувани лаги. Ова не е само срамно, туку претставува сериозна закана за безбедноста и меѓународниот углед на државата.
Затоа, од денес, Демократската унија за интеграција ќе се соочи институционално и правно со секој клеветник, со нивните јавни изјави, кои мислат дека можат да ги покријат владините неуспеси со обвинувања против Албанците.
Станува збор за влада која го изгубила секој легитимитет. Влада која ја изолирa државата, ја претвори во инструмент на интересите на српскиот свет, ги уништи односите со соседите и го исцрпи секое трпение на граѓаните. Влада во која луѓето живи изгоруваат во пожари, а никој не сноси одговорност, ниту политичка, ниту правна.
За оваа влада ќе зборува народот на референдумот во октомври.
Времето на клевети заврши. Доаѓа времето на одговорност, велат од ДУИ.