Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!
ПОЛИТИКА

ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!

Објавено March 17, 2025 10:45
Сподели
Сподели

Борбата против криминалот нема боја, раса и припадност, иако, за жал за СДСМ и ДУИ има. Тие и од оваа тема делат на наши и ваши, на Македонци и Албанци, се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во врска со ставовите што ги изнесе Арбер Адеми од опозициската ДУИ за одговорноста за пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 лица.

„За разлика од нив, ова за нас, но и за сите граѓани е борба на народот против корумпираните кои создадоа чудовиште од системот кој убива поради корупција. Од партијата која стана колевка на криминалот нема осуда и нема оградување. Но, тоа нема да ги спаси од одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот и портпарол на ДУИ Арбер Адеми ноќеска рече дека целосната морална, материјална и кривична одговорност за трагедија не може да се бара на ниедно друго место освен во самата Влада, МВР и во Општина Кочани. Тој посочи дека ДУИ бара целосна транспарентност и одговорност за вистината да излезе на виделина и апелира, како што рече, институциите и партиите да се откажат од обидите да ја прикажат ДУИ како виновна за сè.

Според Адеми, наместо сплотеност имало политички интриги на ден кога тоа не смееше да се случи.

Уште од утринските часови кога пристигнуваа првите информации од Кочани медиумските јастреби на владејачките партии почнаа да ги ставаат темелите на големиот спин којшто во текот на денот се разви во официјален наратив на Владата. Наместо министерот за внатрешни работи, кој што е министер во последните 14 месеци, да ја преземе одговорноста што дозволил 12 месеци да работи кабарето без лиценца, секојдневно да се организираат собири спротивно на сите законски прописи и стандарди тој се обидува на бесрамен начин да ја префрли дебата на етничка и партиска димензија – рече Адеми пред полициската станица „Карпош“, додека траеше распитот на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тоше отишол во дискотеката во Кочани да го прослави раѓањето на синот, но не успеа да се спаси од пожарот
Следна Статија Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје

Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава, кој е…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски и Лукровски најавија нов МЕГА парк кај Лепенец

Денес сме на просторот покрај реката Лепенец, место кое со години беше запоставено, а сега ќе стане симбол на еколошка…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО, само обвинители бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во матните набавки на СДС и ДУИ

Шест месеци јавното обвинителство е во зимски сон. Шест месеци нема ниту едно покренато обвинение за ниту еден случај на…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?