Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат

Објавено March 17, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска.

– Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, пациентите кои што беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба. И тие што беа пренесени надвор од државата, вкупно 51 до сега, сите се во генерално стабилна состојба. Но, се појавува еден нов проблем да има пациенти кои вчера не се јавени, и денеска се јавуваат. Јас би сакал да упатам порака до сите што биле дел од трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле вчера, ги молам денеска да се пријавуваат, рече Таравари.

Како што рече, сите пациенти кои беа во Кочани и Штип, сега се сместени во Скопје. Во Кочани и Штип повеќе нема пациенти.

Таравари подвлече дека ситуацијата е под контрола и очекуваат помалку компликации.

Во пожарот загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!
Следна Статија Трамп: Утре ќе разговарам со Путин, има добри шанси да ја завршиме војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонските и бугарските историчари зборувале за заеднички чевствувања и за препораки за македонските учебници за 7 одделение

Во Софија вчера и денеска се одржа 33. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Како…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дали Љупчо Коцевски свесно ја компромитирал акцијата на МВР за кочански „Пулс“?

Дали Љупчо Коцевски вчера, во настап на ТВ Телма, свесно ја компромитираше најновата акција на МВР во Кочани, поврзана со…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повторно ќе се отвора средно полициско училиште во Македонија по повеќе од две децении

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека од септември следната година, се враќа средното полициско училиште. Одговарајќи на новинарско…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС

Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?