Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата
ПОЛИТИКА

ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата

Објавено June 17, 2025 15:36
Сподели
Сподели

емократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради континуираното занемарување на употребата на албанскиот јазик во официјалната комуникација на Владата на Република Северна Македонија. Еднаквата употреба на службените јазици не е техничко прашање или политичка желба, туку законска обврска, вредност на соживотот и основа на демократскиот поредок, велат од ДУИ.

„Долго време албанските граѓани се чувствуваат исклучени од правото на еднаков пристап до јавните информации што произлегуваат од државните институции. Недостигот на албански јазик, преводи, задоцнети ажурирања и непотполни официјални веб-страници на албански јазик се јасен доказ за исклучувачки пристап што е спротивен на духот на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците.

Уште позагрижувачки е намерниот селективен пристап: за други теми Владата реагира и информира, но кога станува збор за албанскиот јазик, одговорот е молк и игнорирање. Ова не е недостаток на капацитет, туку недостаток на волја.

ДУИ потсетува дека неспроведувањето на Законот за јазиците не е само прекршување на законот, туку и удар врз достоинството на албанските граѓани и го поткопува нивната доверба во институциите на државата. Јазичните права не се симболика, туку неразделив дел од граѓанските права.

Ги повикуваме институциите албанскиот јазик да го гледаат како заедничко богатство и обврска што ја зајакнува единственоста на државата. Еднаквоста, инклузијата и транспарентноста не смеат да останат само празни флоскули, тие мора да се видат и почувствуваат во секојдневниот живот на секој граѓанин.

Ако оваа влада не е подготвена да го почитува еден од клучните столбови на нејзиното законско и уставно функционирање, тогаш таа го изгубила моралното право да води мултиетничка и европска држава.

ДУИ внимателно ќе го следи овој процес и ќе бара институционална одговорност за овој дискриминаторски пристап“, се вели во соопштението на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УНДП ни дава 6.74 милиони долари, еве за што ќе бидат искористени
Следна Статија Среде Кичево направил депонија: Кривична за директорот на „Комуналец“ и четворица вработени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ристески: За пратениците на Левица петок бил неработен ден, лицемерието на Фејсбук патриотите на површина!

Ова се празните места каде што треба да седат пратениците Левица. Еве како се зема плата без работа и без…

January 17, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

Инвестиции во проекти од инфраструктурата за Кочани во вредност од 100 милиони евра, најави премиерот и лидер на ВМРО –ДПМНЕ,…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Костовски: Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ е изградбата на пазарот во Неготино

Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино открива алармантни сомнежи за расипничко и криминално…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?