Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ објави имиња на кандидати за градоначалници во Кичево, Липково, Чашка, Студеничани и Брвеница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ објави имиња на кандидати за градоначалници во Кичево, Липково, Чашка, Студеничани и Брвеница
ПОЛИТИКА

ДУИ објави имиња на кандидати за градоначалници во Кичево, Липково, Чашка, Студеничани и Брвеница

Објавено August 5, 2025 19:17
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со кои ќе учествува на локалните избори во октомври.

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека партијата ќе го кандидира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево.

За уште еден мандат довербата од граѓаните на Општина Липково ќе ја бара и Еркан Арифи. Кандидат за градоначалник на Општина Чашка е Суат Шаќири, за Општина Студеничани е Ејуп Абази.

Централното претседателство на ДУИ одлучило да ја поддржи независната кандидатура за градоначалник на Општина Брвеница на Енвер Пајазити.

Адеми информира дека Централното претседателство на партијата донело одлука за имињата на носителите на советничките листи на неколку општини. Во Општина Дебар, носител на листата на советниците ќе биде Артин Спахиу, актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Дебар. Во Општина Сарај, носител на листата ќе биде Илjаз Весели, актуелен в.д. градоначалник на Општина Сарај. Во Општина Врапчиште носител на советничката листа ќе биде Евзал Арслани.

Адеми најави дека на следните седници на Централното претседателство на партијата ќе одлучат за кандидатите за градоначалник на Градот Скопје, на Општина Боговиње, на Општина Долнени, на Општина Пласница и носителите на советничките листи за општините Теарце и Арачиново.

Претходно, ДУИ ги објави имињата на кандидатите градоначалници во Општина Чаир да биде Бујар Османи, во Општина Тетово кандидат да биде Бајрам Реџепи, во Општина Желиво – Емир Сулејмани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина поранешниот романски претседател Јон Илиеску
Следна Статија Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Митева: Поразот на СДС на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија…

July 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски утре ќе оствари средба со Филипче

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе го прими на средба лидерот на СДСМ, Венко Филипче. -Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи…

April 2, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои…

January 15, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Кој зборувал за коалиција со Мицкоски, ние не преговараме за фотелји

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе…

May 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?