Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ продолжува со заканите за политичките тензии околу законот за јазиците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ продолжува со заканите за политичките тензии околу законот за јазиците
ПОЛИТИКА

ДУИ продолжува со заканите за политичките тензии околу законот за јазиците

Објавено March 9, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција не можејќи да се помири што по повеќе од 20 години отиде во опозиција, продолжува со заканите. Играјќи на каратата за меѓуетнички тензии, закани за политичка криза, па и бојкот на избори, партијата се обидува да создаде нестабилност. Главната точка на контроверза е Законот за јазиците, кој е оспорен пред Уставниот суд, а ДУИ упорно инсистира дека никој не смее да го „чепка“ или менува. Иако претходно се заканија дека ако се менува Законот за јазици, во зависност од одлуката на Уставниот суд, ќе ги бојкотираат локалните избори, пратеникот Блерим Беџети сега одбра друг речник, немало да има бојкот, ама ќе имало политичка криза.

Не може да се очекува стабилност. Меѓу 13-те политички субјекти што иницирале такви иницијативи пред Уставниот суд е и ВМРО-ДПМНЕ и да очекувате дека тие што го имаат легитимитетот да ускратат права на втората етничка заедница. Мислам дека тоа е јасно, кон што води. Неслучајно ние сме имале и пратенички прашања и други ставови, политички ставови и сме очекувале дека минимално и од коректност и од почит кон втората етничка заедница да се повлече таа иницијатива. А зошто да не се дебатира за сите полиња на прогрес, а не регрес на правата на Албанците.На кој начин ќе се спречат локалните избори, мислите дека ќе дојде до политичка криза?Секако дека ќе дојде до политичка криза, ако се чепне во Законот за јазиците, рече Беџети.

Овој закон, кој според правните експерти е оспорен поради нејасности и потенцијални повреди на Уставот, по се изгледа ДУИ го користи како политички инструмент за мобилизација на своите поддржувачи. И не само што се закануваат со блокирање на институционални процеси, туку индиректно вршат притисок врз судиите кои ќе треба да одлучат за овој закон. Аларм стигна и од САД дека судиите мора да одолеат на политичките влијание. Оваа порака дојде од американската амбасадорка која се сретна со претседателот на Уставниот суд. Од друга страна, премиерот Мицкоски не е изненаден од обидот на ДУИ да се меша во работата на судиите по прашањето за Законот за јазици бидејќи како што вели, во минатото биле навикнати да им наложуваат на одредени судии, каква одлука на донесат.

ДУИ наместо да се адаптира на новата политичка клима и да ја игра улогата на конструктивна опозиција, избра да се заканува и постојано мантра дека коалициониот партнер Вреди во владата е нелегитимен претсавник на Албанците. Но ниту коалицијата на Касами, Меџити и Гаши не е изненадена од оваа реторика, па често пати им порачуваат да се реформираат и да го исчистат криминалот – наместо да го кријат под превезот на таканаречената борба за правата на Албанците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
Следна Статија Малолетник пријавен за исчезнат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче најави протест против мигрантите

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави денес протести во Македонија ако власта не излезе транспарентно со податоци околу договорот што…

December 10, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска за Филипче: Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за…

December 4, 2025
ПОЛИТИКА

Кандидат на СДСМ со три кривични пријави повторно во „битка“ за Чешиново-Облешево

Кандиддатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево, предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија – СДСМ, Горанчо Крстев кој е во втора…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не

СДСМ денеска на прес-конференција ги претстави двата различни ставови на ВМРО-ДПМНЕ околу цената на горивата – едниот кога кога беше…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?