Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура

Објавено March 9, 2025 17:23
Сподели
Сподели

Директорот на Бирото за јавна бебзедност Александар Јанев вели дека се размислува за комбинација на повеќе мерки за подигнување на безбедноста во сообраќајот и оти се преземаат активности за да може да се пушти во функција системот „Безбеден град“. Во владина процедура се дел од сетот законски измени што треба да се направат за функцоналост на системот, а од технички аспект за дел се прават проверки за функционалноста.

На новинарско прашање дали се размислува за нови мерки по сообраќајките со жртви во изминатата недела, Јанев денеска порача дека се додека не ги почитуваме сообраќајните правила без разлика дали има сообраќајни патроли или не изложени сме на опасност и сме потенцијални жртви во сообраќајот.

  • За жал, морам да констатирам особено неделата што измина имаме сообраќајни несреќи со жртви. Од друга страна добро е што во урбаните средини каде се зајаканати контролите е намален бројот на сообраќајни незгоди и на прекршоци, а е зголемен бројот на детектирани и потенцијални прекршители, што значи дека мерките што ги применуваме даваат соодвети ефекти. Меѓутоа, кажувам како граѓанин, а не претставник на институција, мора сите да ја промениме сообраќајната култура. Ние можеме да бидеме и на секоја точка, ако некој кој ќе ја помине сообраќајната патрола повторно вози како да нема ништо навистина е тажно за сите нас, за жал придонесува со тешки телесни несреќи, високи материјални штети и со жртви. Секако дека размислуваме за микс на мерки кои во иднина ќе ги применуваме. И применуваме. Секојднево работиме со колегите задолжени за сообраќај на национално стратешко ниво, во секојдневна комуникација сме со чинителите низ државата, со општинските власти и со ЈП „Улици и патишта“ во делот на обележување хоризнтална, вертикална, времена сигализација, изјави директорот на Бирото за јавна бебзедност Александар Јанев.

Како МВР, дополни Јанев, овој проблем го имаме детектирано уште пред да настанат сите актуелни појави низ државата, предвреме е согледано и функционира оперативна акција безбеден сообраќај, со сет на мерки преку превентивни кампањи и рестриктивни мерки, но мора да бидеме свесни дека сите сме учесници во сообраќајот, како возачи, како пешаци.

  • И нашите малолетни деца се учесници во сообраќајот, мораме културата да ја издигаме на врвно ниво. Се додека не ги почитуваме сообраќајните правила без разлика дали има сообраќајни патроли или не ние сме изложени на опасност и сме потенцијални жртви во сообраќајот, рече Јанев, при присуството на симулациска вежба на скопскиот аеродром.

Прашан кога ќе профункционира системот „Безбеден град“ и дали за тоа се чекаат локалните избори, рече дека не сака да се впушта во политичка конотација и оти станува збор за поголем проект за кој досега имало само шминка, а сега вистински се постапува, но за примената на потребната технологија во пракса треба да бидат променети најмалку пет закони.

  • На трибините што беа организирани во изминатиот период имаше учество од сите чинители и покажуваме дека проблемот е системски и национален, не е веќе проблем само на полицијата или на државата. Потребно е да се создадат сите предуслови за да профункционира системот, не би сакале да ставиме нешто во функциија, па макар како што спомнавте во политички контекст некои работи. Поентата е дека се треба да биде сетирано за да може да функционира правилно и индивидуално, за да не се доведеме во ситуација дека можеби не функционира како што треба од кој било аспект. Има акциски план, сетот законски измени веќе се пуштени во владина процедура, дел се уште се размислуваат и се проверува дали може да бидат од функционален аспект, а од техички аспект најголемиот дел е завршен, информира Јанев.

Како што најави претходно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, до крајот на месецов ќе биде подготвена првата верзија на сите закони кои треба да влезат во владина процедура, а до крајот на следниот месец во собраниска процедура.

Првите казни од „Безбеден град“ ќе почнат од 1 јануари 2026 година, иако, како што најави, функционирањето на системот ќе се случи порано.

  • Неколку месеци граѓаните прво ќе добиваат пораки со предупредување, а од 1.1.2026 година ќе ги овозможиме законските услови тоа да биде онака како што треба, најаваи Тошковски.

Преку „Безбеден град“, покрај возилата во движење, ќе се казнуваат и непрописно паркираните

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велосипедист и возач се тепале во Ѓорче Петров
Следна Статија ДУИ продолжува со заканите за политичките тензии околу законот за јазиците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од 1 април му откажаа бубрезите, 40 отсто од телото му беше со изгореници, Таравари потврди дека во Литванија почина управителот на дискотеката „Пулс“

Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека има уште една жртва од трагедијата во Кочани. Починатиот, кој беше на лекување…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Новите питомци на Воената академија положија заклетва, Мисајловски им честиташе на изборот да чекорат во институцијата со најголема доверба кај граѓаните

Триесет и три питомци од кои 25 од  Македонија (19 мажи и 6 жени), 5 питомци од Босна и Херцеговина…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ќе врши увид во постапувањето на Основниот суд Битола по предметот „Марковски

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за формирање работна група за увид во предметот за постапување и одлучување на…

January 28, 2026
ЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈА

Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата

УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена…

September 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?