Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крстевски: Кочани будно ќе го следи судењето, не дозволуваме „тргување“ со жртвите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Крстевски: Кочани будно ќе го следи судењето, не дозволуваме „тргување“ со жртвите
МАКЕДОНИЈА

Крстевски: Кочани будно ќе го следи судењето, не дозволуваме „тргување“ со жртвите

Објавено June 29, 2025 16:16
Сподели
Сподели

Моменталната состојба во Кочани не е ништо подобро отколку од деновите после несреќата. Напротив, таа се влошува, бидејќи на некој начин имаме институционална криза, имаме револт којшто е оправдан од родителите на починатите деца и родителите на повредените деца. Гледаме со каква голгота се соочуваа многумина од повредените, вели градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, во интервју за „Слободна Европа“. Тој посочи дека граѓаните живеат „од што се мора“ и предупреди дека во градот сè уште функционираат угостителски објекти по примерот на „Пулс“, без соодветни дозволи.

-Ако се случи нова несреќа, кој ќе биде одговорен, прашува тој.

Крстевски најави дека општината ќе го следи судскиот процес против 34 обвинети за трагедијата. Тој апелираше за институционална одговорност и ги повика надлежните инспекторати и државни служби да постапат.

– Жално е ако оваа трагедија не ги освести институциите – тогаш беше залудна. Јавноста во Кочани будно ќе го следи овој процес и нема да дозволиме да се тргува со жртвите, потенцира тој.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски изјави дека се подготвува нов закон за угостителска дејност согласно кој казните ќе бидат поригорозни. Тој посочи дека од 17 март до 15 јуни годинава, се извршени се 1 713 надзори и издадени 716 прекшочни налози и 60 решенија за привремена забрана за вршење на угостителска дејност. Според податоците на ДПИ, во главниот град нема ниту еден објект валидна лиценца за кабаре или диско клуб, додека на ниво на цела држава има 14 валидни лиценци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените во Охрид летнаа до плафон: Еве колку чини еспресо, салата, пица…
Следна Статија Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ – за наша Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Владата е стабилна и има поддршка

Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го врачи признанието, кое во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката по повод 23 Октомври: Да го продолжиме револуционерниот пат со ум, знаење и реформи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, им го честита Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, потсетувајќи на историското значење на…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе воведува вештачка интелигенција во образованието

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?