Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ сака Албанец за гувернер на Народна банка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ сака Албанец за гувернер на Народна банка
ПОЛИТИКА

ДУИ сака Албанец за гувернер на Народна банка

Објавено May 15, 2025 09:06
Сподели
Сподели

ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води ни малку грижа за пристојно учество на Албанците во општествените текови.

На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка на Македонија, а никој веќе не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец.Сите се однесуваат како оваа функција да е резервирана за етничките Македонци и како да е тоа однапред завршена работа.Во моментов, во потесниот круг за избор влезени се четворица кандидати, од кои не само што ниту еден не е Албанец, туку овој потесен круг на ниту еден начин не го изразува мултиетничкиот карактер на државата.

Без разлика што за изборот постои јасна уставна и законска процедура, која минува низ филтерот на Претседателката, а потоа и собранискиот филтер, политичките претставници на Албанците во рамките на парламентарното мнозинство требаше да обезбедат барем учество во потесниот избор на еден од врвните економски експерти – Албанци кои ги има оваа земја.

Но во моментов, тие како да не смеат ни да прашаат за ваквите позиции, а камо ли да се изборат за избор на Албанец на ваква висока државна функција.

Останува горчливиот вкус за Албанците, наметнат од Премиерот, кој прво во концентрични кругови создаде чисти етнички средини околу себе: почнувајќи прво од својот Кабинет, потоа најблискиот круг соработници со кои оди во официјални посети, сега еве треба на јавна сцена да се демонстрира дека за позицијата Гувернер Албанците едноставна немаат ниту претставник кој би можел да влезе во потесниот круг за избор. 

Република Македонија е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка, или било каква друга припадност.

И според Уставот, обврска на државата е да се грижи за правилна дистрибуција и учество во општествените текови на сите етнички заедници. 

Ја повикуваме Претседателката, во рамките на своите можности, да покаже малку поголема лојалност кон Уставните одредби кои го дефинираат мултиетничкиот карактер на државата, отколку на барањата кои ѝ ги испорачуваат од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад
Следна Статија ВО ЖИВО Заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Кошта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Саракинов: Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла, за профит на инвеститори ја продаде општината

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла, за профит на инвеститори ја продаде општината,…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

„Тагас Балкан“ – прочуениот бренд за локум од Крушево. Неговиот сопственик Нико Чонески се кандидира за градоначалник!

Крушево го добива својот најсладок кандидат за градоначалник – Нико Чонески, сопственик на легендарниот локум „Тагас Балкан“, бренд со повеќе…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера…

September 3, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, ја истакна својата решителност да…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?