Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дурмиши: Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дурмиши: Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство

Објавено June 26, 2025 12:48
Сподели
Сподели

Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Кои производи ќе ги содржи таа и нејзиниот износ ќе биде соопштено откако ќе се формира Економско-социјалниот совет (ЕСС).

На прес-конференција за отчет за работата во изминатата година, Дурмиши посочи дека кошницата ќе биде „реална, многу добро изготвена и со податоци од релевантни институции“ затоа што таа што ја предложиле синдикатите, рече, содржи производи кои не спаѓаат во основни или кои не се трошат во одредени периоди од годината.

-Таа што ја објавуваат синдикатите не е реална и соодветна кошница и бројките не се точни и затоа правиме нова, со реални податоци колку му треба на четиричлено семејство да троши на месец за храна, пијалаци и други потреби, рече Дурмиши одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека синдикатите земаат цени само еден од маркет, а кошницата што се подготвува ќе ги земе предвид цените од три до пет маркети и ќе биде земена просечната.

Новата кошничка ќе биде доставена на првата седница на ЕСС, со која претседава тој, и разгледана од работодавачите, синдикатите и Владата односно, рече, дали е прифатлива за сите социјални партнери.

За намалување на ценовниот шок, рече министерот, се преземаат мерки кои треба да дадат долгорочни или среднорочни резултати. Една од нив е во соработка со МЗШВ – поддршка на земјоделците и домашните производители што ќе придонесе за намалување на цените на основните прехранбени и земјоделски производи зашто повеќе од 70 проценти сега доаѓаат од увоз.

-Затоа треба да ги поддржуваме со што директно ќе влијаеме на намалување на цените. Ќе дадеме предлог и маркетите да ги обележуваат производите што се домашни, додаде министерот Дурмиши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азески: Гаранцијата од Обединетото Кралство значи многу за македонската политичка и економска стабилност
Следна Статија Мицкоски до Филипче: Ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ, но не како „модерни“ Македонци, се виде дека не е само Бугари во Устав

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути

Од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Групацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Последен ден од новогодишната кошница – Ќе се покачат ли цените на основните производи?

Денеска е последен ден од новогодишната кошничка, која од утре престанува да важи, а со тоа речиси 1,200 производи ќе…

January 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?