Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Филипче: Ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ, но не како „модерни“ Македонци, се виде дека не е само Бугари во Устав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски до Филипче: Ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ, но не како „модерни“ Македонци, се виде дека не е само Бугари во Устав
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Филипче: Ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ, но не како „модерни“ Македонци, се виде дека не е само Бугари во Устав

Објавено June 26, 2025 13:49
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја внесе Македонија во ЕУ со македонски идентитет и јазик, а не како „модерни“ Македонци, затоа што се виде дека суштината на Бугарија не е Бугари во Устав, туку да создаде нов „модерен“ македонски идентитет и јазик, нешто на што ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше кога се прифаќаше Францускиот предлог.

Премиерот Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче, потсети дека во 2022 година кога се преговараше Францускиот, ВМРО-ДПМНЕ не одби да учествува и тоа е лага, туку ВМРО-ДПМНЕ бараше и нудеше соработка, а не беше овозможено.

„Јас има прес конференција, некој погрешно ве брифира и ве носи во длабокото. Што се однесува до трите етнички заедници кои ги споменавте, јас немам проблем и 30 да ставиме во Уставот, но имам проблем да разговарам на тема во која некој нас континуирано не негира, континуирано не успорува и го ускратува правото да бидеме тоа што сме. Исто така имам право да се сомневам дека тоа не е последната или не знам која по ред отстапка која треба да ја направиме, а притоа да не ја завршиме трката, повторно по пат нешто ново да ни се случи. Таков е оној предлог за кој зборувавте, Францускиот предлог, кој можеби е единствениот во современа Европа во која членството на една држава во рамките на ЕУ зависи од комисијата која ја толкува историјата, бидејќи јасно стои во Протоколот потпишан од тогашниот министер за надворешни работи дека мора комисијата да ја заврши својата работа пред Македонија да стане членка на ЕУ. И да бевме во тој тим кога се преговараше тој договор, немаше тоа да го прифатиме. Ако е тоа условот, нема да прифатиме“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Во однос на тезите на Филипче и СДСМ за чист македонски јазик и идентитет, премиерот запраша зошто воопшто претходната влада преговарала, ако никој немал право да преговара за тоа.

„Повторувате чист македонски јазик и идентитет, а велите од друга страна никој нема право да преговара, тогаш зошто сте преговарале ако никој нема право? Зошто сте преговарале, за мнозинството граѓани, а не сте ги прашале и знаете дека сте немате услови да го испорачате тоа што сте го преговарале? Тогаш на лидерска средба во Клубот на пратеници ви реков дека ова нема да помине, ако е вака како што е и предложив и две измени за да помине, и бев одбиен“, истакна премиерот Мицкоски.

Воедно премиерот Мицкоски додаде дека нема ништо нелегитимно и ненормално да бараме Македонци да има во Министерски совет кој управува со комитет за етничките прашања каде не се само Ерменци, Роми и Турци, туку и Власи и Евреи, но ги нема Македонците потсетувајќи дека има 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур кои што велат дека во барем 9 од нив Бугарија треба да дозволи ОМО Илинден Пирин да се регистрира и потоа на следен чекор да предложи свој член во тој Комитет и ако тие велат Бугари во Устав, ние можеме да побараме Македонците да бидат дел од тој Министерски совет кој го води тој Комитет за етничките заедници.

Во однос на Европски парламент, премиерот Мицкоски посочи дека минатите години не е донесен извештај затоа што воопшто не стануваше збор за македонски идентитет и јазик, туку за северно македонски јазик и идентитет, сосема различно од сега каде на три места има македонски идентитет и јазик и е дел од извештајот кој помина на АФЕТ.

„Тука бугарските претставници преку еден европратеник кој излезе во името на неколку групи вклучително ЕНП, Социјалистите каде се СДСМ, Либерали, Зелени, рече да се модифицира македонскиот идентитет и јазик со зборот модерен. Суштината не е Бугари во Устав, туку да се создаде нов, модерен македонски идентитет и јазик. И тоа е суштината на Францускиот предлог, иако предупредувавме. Имаме сега две недели, ќе продолжиме да работиме, сите заедно треба да се обединиме. Така што можам да ви кажам ќе сториме се што е во наша моќ да ги почнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци“, нагласи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дурмиши: Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство
Следна Статија Најбогатите 1% од луѓето за 10 години го зголемиле своето богатство за 34 трилиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шеќеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници. На…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Големи гужви и долги колони на „Богородица“, граѓаните чекаат во ред за да избегаат во Грција за велигденските празници

На граничниот премин „Богородица“, денеска попладне се создаде значителна гужва, откако голем број македонски граѓани тргнаа на пат кон соседна…

April 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?