Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најбогатите 1% од луѓето за 10 години го зголемиле своето богатство за 34 трилиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Најбогатите 1% од луѓето за 10 години го зголемиле своето богатство за 34 трилиони долари
Blog

Најбогатите 1% од луѓето за 10 години го зголемиле своето богатство за 34 трилиони долари

Објавено June 26, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Најбогатите 1% од луѓето во светот го зголемиле своето богатство за повеќе од 33,9 трилиони долари во реални услови од 2015-та година, според новиот извештај на меѓународната невладина организација „Oxfam“.

Тоа е повеќе од доволно за да се елиминира глобалната сиромаштија 22 пати (пресметката се базира на највисоката линија на сиромаштија на Светската банка од 8,30 долари дневно и 3,7 милијарди луѓе кои живеат под линијата на сиромаштија). Друг начин да се каже е дека вкупниот износ е повеќе од доволен за целосно да се стави крај на сиромаштијата за 22 години.

Богатството на најбогатите 3.000 милијардери во светот се зголемило за 6,5 трилиони долари во реални услови од 2015-та година и сега е еднакво на 14,6% од глобалниот бруто домашен производ (БДП).

Извештајот на „Oxfam“ се презентираше денеска пред четвртата Меѓународна конференција за финансирање на развојот на 30-ти јуни, чиј домаќин е шпанскиот град Севиља.

Податоците доаѓаат во време на растечки повици за данок на богатство врз меѓународната елита.

Според глобално истражување во повеќе од 70 земји, 9 од 10 луѓе го поддржуваат воведувањето даноци врз ултрабогатите како средство за финансирање на јавните услуги и борба против климатските промени, исто така соопшти „Oxfam“.

Анализата на организацијата покажува дека помеѓу 1995-та и 2023-та година, приватното богатство во светот пораснало за 342 трилиони долари – 8 пати повеќе од глобалното јавно богатство, кое пораснало за само 44 трилиони долари во текот на периодот. Како дел од вкупното богатство, јавното богатство всушност се намалило помеѓу 1995-та и 2023-та година.

Oxfam“ ги повикува владите ширум светот да се обединат околу политичките и програмските предлози за справување со екстремната нееднаквост и да го трансформираат системот за финансирање на развојот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до Филипче: Ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ, но не како „модерни“ Македонци, се виде дека не е само Бугари во Устав
Следна Статија Уставен суд ги УКИНА РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ, ама ќе важи за следниот ПОПИС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Работел, а примал бенефиција за невработеност: Сега плаќа огромна казна

Судот во Фрајбург, Германија нареди 60-годишен примател на помош за невработеност да плати казна од 1.200 евра за измама. На…

December 2, 2024
Blog

Корупциски скандал во Брисел, „Хуавеј“ осомничен за поткуп на европратеници

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ е во центарот на новиот случај на корупција во Брисел. Денеска, белгиската полиција изврши претрес во…

March 13, 2025
Blog

„Епл“ казнет со 150 милиони евра во Франција

Компанијата „Епл“ се соочува со голема казна во Франција поради кршење на антимонополската регулатива. Францускиот антимонополски регулатор изјави дека го…

April 1, 2025
Blog

„Ајм фром Босниа, тејкми ту Америка“: Вечерва навиваме за БиХ

Капитенот на канадската фудбалска репрезентација, Алфонсо Дејвис (25), сè уште не е целосно опоравен од повредата и нема да игра…

June 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?