Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дурмиши: СДСМ се служи со лаги и невистини, инспекторите од ДИТ се превземени во Министерството за економија и труд, исплатени им се сите заостанати плати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дурмиши: СДСМ се служи со лаги и невистини, инспекторите од ДИТ се превземени во Министерството за економија и труд, исплатени им се сите заостанати плати
МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: СДСМ се служи со лаги и невистини, инспекторите од ДИТ се превземени во Министерството за економија и труд, исплатени им се сите заостанати плати

Објавено March 5, 2025 18:11
Сподели
Сподели

СДСМ повторно се служат со лаги и невистини. Вработените во Државниот инспекторат за труд да не се грижат!, објави на својот Фејсбук, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на обвинувањата на СДСМ дека вработените во Државниот инспекторат за труд работат на црно.

Согласно измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор, Министерствата се должни најдоцна во рок од 3 месеци од денот на влегување во сила на Законот да ги превземат правата и обврските со превземањето на Инспекторатите.

Исто така согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија” бр.22/25, a се преземаат во министерствата во чии рамки продолжуваат да работат во овој случај сите вработени од Државниот инспекторат за труд а согласно Одлука за преземање на вработени по сила на закон се одјавени на 28 февруари 2025 година, а ќе бидат пријавени како вработени во Министерството за економија и труд со 1 март 2025 година, односно немаат прекин на работниот однос и нема да имаат.

Бидејќи се работи за обемна бројка како и одјави кои треба да се процесуираат по градови потребно е време, сите податоци односно одјави пријави се доставени во АВРМ и започнато е со одјава па потоа со пријава поединечно за секој вработен.

На вработените во Државниот инспекторат за труд денеска им беа исплатени платите за месец јануари 2025 година, додека платата за месец февруари ќе биде исплатена во законски утврдениот рок до 15 март.

На денешната прес конференција, Кузеска соопшти дека во овој момент, Државниот инспекторат за труд практично не постои. Таа наведе дека од 28 февруари, државните инспектори од Трудовиот инспекторат се одјавени од Агенцијата за вработување, и дека инспекторите кои треба да се борат против работата на црно, самите работат на црно.

На прес конференцијата Кузеска уште наведе:

Со тоа што веќе цела недела не се вработени, односно се отпуштени од работа, Владата на Мицкоски ги доведе во ситуација инспекторите да работат без правен основ, што е скандалозно и апсолутно недозволиво.

Но скандалот е уште поголем затоа што ова значи дека сите инспекциски надзори кои ги спроведуваат се апсолутно нелегални, незаконски.

Сите акции што се спроведуваат со Министерството за внатрешни работи во изминатите денови се правно неважечки.

И тоа не е сè. Инспекторите ја добиле својата плата за декември 2024 година дури на 12 февруари оваа година, а за јануари и февруари 2025 година – платите сè уште не им се исплатени!

Тоа значи дека тие немаат ниту здравствено осигурување, што е директен напад врз нивните основни работнички права.

Замислете, тие што треба да ги штитат работниците власта ги остави незаштитени, без работа, без плата и без осигурување. Парадокси на новото нормално на ДПМНЕ.

Ова се резултатите од избрзаните и непромислени измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, против кои СДСМ предупредуваше уште минатата година.

Иако два пати се носеа законски измени проблемот не е решен. Неспособната Власта доведе до хаос во администрацијата, што денеска го гледаме со сопствени очи.

Бараме власта веднаш да го реши проблемот, сите инспектори да бидат повторно пријавени и да им се исплати платата.

За овој хаос во Државниот инспекторат за труд, мора да има одговорност, порачаа од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата
Следна Статија Градоначалникот на Куманово го посети логистичкиот центар на Лидл во индустриската зона Речица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ова се пријавените кандидати за народен правобранител

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонец лежи во „Идризово“ осуден за борба на руска страна: Веднаш ме испратија на фронтот кај Мариупол

37-годишниот Љупчо Бојчевски од Скопје е единствениот Македонец осуден на затворска казна за учество во странска војска во конфликтот во…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува учениците и нивните родители да го користат упатството што е доставено пред две недели во…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Карпош ќе доделува финансиска помош за поправки на покривите во зградите и куќите

Општина Карпош објави јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на покриви на станбени згради и за…

February 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?