Д-р Беќаровски: Потпорниот ѕид над Клиника се руши, ако нема надлежен да го викнеме Александар Вучиќ да го среди

- Advertisement -

Познатиот доктор Нико Беќаровски повторно алармира за ризикот за минувачите кај скопските Клиники. 

Имено, тој потсети дека  сè уште не се знае кој е одговорен за санација на срушениот потпоред ѕид. 

На 10 јуни 2024 година се сруши дел од потпорниот ѕид на ул. Белградска над комплексот на Клиниките. Секој ден стотици коли преку оваа улица влегуваат и излегуваат од Клиниките и се сведоци дека улицата полека, но сигурно се распаѓа и прашање на ден е кога следниот поголем пороен дожд комплетно ќе го сруши преостанатиот асфалт. И по 300 дена сè уште не знаеме кој е надлежен и чија обврска е реконструкцијата на оваа улица, сподели доктор Беќаровски. 

Ако нема надлежен во градов и државава, да го викнеме господинот Александар Вучић, можеби поради името на улицата ќе се смилува да ја реконструира, пред да биде предоцна, алармира познатиот доктор кој секогаш е гласниговорник за проблемите во општеството. 

Сподели ја оваа статија