Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Даниловски за појавата на мајмунските сипаници во Македонија: Што треба да знаете за оваа заразна болест?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Даниловски за појавата на мајмунските сипаници во Македонија: Што треба да знаете за оваа заразна болест?
ЗДРАВЈЕ

Д-р Даниловски за појавата на мајмунските сипаници во Македонија: Што треба да знаете за оваа заразна болест?

Објавено May 23, 2025 09:44
Сподели
Сподели

Вчера се потврдени два случаи на мајмунски сипаници (mpox) во Македонија.

Познатиот доктор епидемиолог Драган Даниловски појаснува што треба да знаете за оваа заразна болест.

Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат:

• Треска

• Главоболка

• Болки во мускулите и грбот

• Зголемени лимфни жлезди

• Исцрпеност

• Кожен осип кој може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото

Инкубациониот период е обично од 6 до 13 дена, но може да варира од 5 до 21 ден. Болеста трае од 2 до 4 недели и во повеќето случаи се повлекува без потреба од специфичен третман. Сепак, кај лица со ослабен имунитет, деца и бремени жени, може да се развијат посериозни компликации.

 Како се пренесува?

– Директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице;

– Близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос;

– Контакт со контаминирани предмети како облека, постелнина или прибор;

– Респираторни капки при продолжен близок контакт лице в лице.

Важно: Болеста не се пренесува лесно. Потребен е близок, продолжен контакт! – потенцира доктор Даниловски 

Ризикот за епидемија е многу низок, а состојбата се следи од здравствените власти, додава тој. 

Што да направите за сопствена заштита?

– Одржувајте хигиена (миење раце со сапун и вода);

– Избегнувајте близок контакт со симптоматски лица и споделување на лични предмети;

– Консултирајте лекар при сомнителен осип.

Д-р Даниловски апелира јавноста да се информира од релевантни извори – не од гласини!

– Мајмунските сипаници не се нова, ниту неконтролирана закана. Ситуацијата бара информираност и претпазливост, но не и паника. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Институтот за јавно здравје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бурни реакции за случајот „Онкологија“: Како не постои смртна казна за овие кои свесно од лична корист на тешко болните од карцином им давале “терапија” за побрзо да починат
Следна Статија Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Водата да биде прв избор, советуваат од ИЈЗ за претстојните празници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. Се препорачува водата да биде…

December 31, 2024
ЗДРАВЈЕ

Доктори од ГАК присуствуваа на напредна обука во Солун

Дел од пресоналот предводен од директорката на ГАК Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев и Ас. Д-р Даниел Милковски присуствуваа на…

July 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Туширањето со премногу топла вода е непотребно, особено за лицето

Оние кои се тушираат со топла вода треба да се грижат за својата кожа бидејќи може да настанат проблеми. Керолин…

December 30, 2024
ЗДРАВЈЕ

Протеин повлечен од продажба во Хрватска, го има ли кај нас?!

Поради присувство на метални честичким, повлечен е прашокот Whey Protein со вкус на чоколадо во пакување од 30 грама и…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?